НБА 2026/2027

Јокиќ и Нагетс во нови бои: Денвер претстави ретро-дресови и специјален дизајн на паркетот

Денвер Нагетс решија да внесат дел од своето минато во новата сезона, па Никола Јокиќ и неговите соиграчи на некои натпревари ќе играат во портокалови дресови. Тимот од Колорадо претстави специјално издание на опрема посветена на Денвер Рокитс, нивното поранешно име, по повод 50-годишнината од спојувањето на АБА и НБА лигите.

Дресовите од колекцијата Classic Edition го враќаат портокаловиот изглед што Денвер го носеше на гостински терен за време на АБА ерата, со Denver напишано во црно и броеви исцртани во бело. Црно-бели детали ги придружуваат јаката и шорцевите, кои исто така имаат мотив на ракета, како потсетник на раните денови на тимот кој беше преименуван во Нагетс во 1974 година.

Заедно со ретро дресовите, достапен ќе биде и соодветен паркет во „Бол“ Арената, па враќањето во минатото ќе биде видливо под нозете на играчите. Просторот под двата коша и просторот надвор од границите на теренот се обоени во портокалова боја, додека во средината има голем црн натпис Denver. Изгледот го комплетира историското лого од времето кога тимот играше во АБА лигата.

Никола Јокиќ и Денвер Нагетс ќе го носат овој дрес 9 натпревари во сезоната 2026/2027, од кои 7 ќе се играат пред нивните домашни навивачи. Бруклин Нетс (во АБА играше како Њу Џерси Американс), Индијана Пејсерс и Сан Антонио Спарс (двата играа во АБА под истите имиња), преостанатите три тима што му се придружија на Денвер во 1976 година од АБА во НБА, исто така ќе оддадат слична почит на историјата.

Интересно е што првично Денвер не бил планиран да има тим во АБА лигата. Имено, тогаш франшизата на чело со калифорнискиот бизнисмен Џејмс Триндл добила дозвоила да создаде клуб во Канзас Сити, Мисури. Плановите им се изјаловиле поради недостатокот на соодветна арена во градот, откако „Мунисипал Одиториум“ му била дадена на користење на НХЛ тимот Сент Луис Блуз, па АБА лигата му предложила на Триндл да ја пресели франшизата во Денвер. Така го создал Денвер Ларкс, по заштитната птица на Колорадо.

Но, групацијата на Триндл не се покажала кадарна да се носи со големиот предизвик, па уште пред тимот да го одигра првиот меч Триндл продал две третини од сопственоста на локалниот магнат во транспортот со камиони, Бил Рингсби, кој веднаш го пременувал клубот во Денвер Рокитс, по неговата компанија Ringsby Rocket Truck Lines. Во 1974 година, две години пред преселбата во НБА, се преименувал во Нагетс.

реклама

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Read more

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Брз и вкусен ручек за по работа: Печена брокула со кашкавал и павлака

Read more

Како Ким направи елитна група хакери кои крадат милијарди?

Read more

Кошарка

Нова 40-ка на Дончиќ, исфрли и навивач од арената

Read more

Само Џордан имал подобар старт: Налетот на Дончиќ ја остава НБА без одговор

Read more

Ураганот Лука е незапирлив: Дончиќ го разнесе и Мајами

Read more

Зошто Вемби насекаде оди бос?

Read more

Спорт

Крај на една ера: Португалија го објави првиот состав без Роналдо

Читај повеќе

Хамилтон стои зад критиките кон Леклер: Никогаш нема да се извинам 

Читај повеќе

Мауро Икарди очајнички сака да се врати во Серија А: Му се нуди на Интер, би се преселил и во Јуве

Читај повеќе

Инфантино му оддаде почит на Роналдо: Постигна подвизи што можеби никогаш нема да се повторат

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој е 17-годишниот вундеркинд кој доби повик од Клоп?

Читај повеќе

Недопирливо наследство: Засега никој нема да ја носи „десетката“ на Меси

Читај повеќе

Роналдо не сака ни проштален натпревар за Португалија

Читај повеќе
  • play_arrow

Доктор ја објаснува трагедијата со смртта на Хесус де Мигел

Читај повеќе
  • play_arrow

Соборен Гинисов рекорд: 51 исклучување на еден натпревар во Бразил

Читај повеќе