НБА 2024/2025 плејоф

Јокиќ не можеше сам, Денвер замрзна на минус 34

Денвер Нагетс доживеаа вистински дебакл на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс губејќи со 117:83, а по дуелот во Лос Анџелес губи со 2-1 во партии во плејофот на НБА.

Денвер го доби првиот натпревар од серијата, а потоа доживеа многу болен пораз во вториот натпревар со драма и неколку грешки во последната минута. Во третиот дуел ноќеска доживеа вистинска катастрофа.

Никола Јокиќ не можеше сам. Го заврши својот дел од работата со уште еден трипл-дабл од 23 поени и по 13 асистенции и скокови, но немаше поддршка од своите соиграчи, па затоа тешкиот пораз беше неизбежен.

Уште од самиот почеток беше јасно каде оди натпреварот, а беше решен веќе по фантастичната втора четвртина од страна на Клиперс. На полувреме резултатот беше 65:47 за домашниот тим и немаше шанси Денвер да се врати.

Домашниот тим имаше неколку играчи со слични перформанси. Каваи Ленард постигна 21 поен, а Џејмс Харден и Норман Пауел постигнаа по 20. Ивица Зубац беше одличен со 19 поени и 9 скокови.

Remote video URL

Во другите натпревари, Оклахома Сити Тандер почнаа да ја завршуваат работата и ја забележаа третата победа во исто толку натпревари против Мемфис Гризлис.

Шеј Гилџс-Александер ја предводеше Оклахома со 31 поен во победата од 114:108, а на тимот сега му треба само уште една победа.

Детроит Пистонс и Њујорк Никс одиграа драматичен натпревар, завршувајќи со резултат 118:116 за гостите, кои сега водат во серијата со 2-1.

Резултати:

Детроит Пистонс - Њујорк Никс 116:118 (1-2 во партии)
Мемфис Гризлис - Оклахома Сити Тандер 108:114 (0-3 во партии)
Лос Анџелес Клиперс - Денвер Нагетс 117:83 (2-1 во партии)

реклама

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Зошто никогаш не треба да ги оставате тестенините во цедалката?

Read more

Во последните 72 часа Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на војната

Read more

24 мај 1964, најголемата фудбалска катастрофа

Read more

Кошарка

Се наѕира првиот финалист: Њујорк повторно шокиран на домашен терен

Read more

Евролигата наредната сезона со 20 екипи

Read more

Оклахома по вторпат ја декласираше Минесота во западното финале

Read more

Четири држави домаќини на Евробаскет 2029

Read more
 

Спорт

Гром удри во авион со тенисери, Зверев со детали за драмата на небото

Читај повеќе

Конте: Неверојатно е тешко да се победува со Наполи

Читај повеќе
  • play_arrow

Се наѕира првиот финалист: Њујорк повторно шокиран на домашен терен

Читај повеќе

Лазаров: Не сакам играчите да бидат под притисок, нека уживаат во натпреварот

Читај повеќе

Проштална порака на Анчелоти: Магичните ноќи на Бернабеу веќе се дел од фудбалската историја

Читај повеќе

Во Јунајтед сите се на продажба, освен еден играч

Читај повеќе

МВР побара, ФФМ прифати: Баражот за прва лига преместен од Чаир

Читај повеќе

Евролигата наредната сезона со 20 екипи

Читај повеќе

Спортот никогаш повеќе нема да биде ист? Стартува Олимпијада за допингувани

Читај повеќе