Српскиот кошаркарски ас Никола Јокиќ ја загуби првата од двете можни индивидуални награди сезонава во НБА.

Најдобриот кошаркар на Денвер влезе во најтесната конкуренција за наградата МВП и наградата clutch играч на годината, односно играчот кој се истакнува во решавачките моменти од играта.
НБА го објави добитникот на наградата clutch играч на годината, која го носи името на легендарниот Џери Вест, а истата му припадна на бекот на Њујорк, Џејлен Брансон.
The 2024-25 Kia NBA Clutch Player of the Year is... Jalen Brunson!#NBAAwards | #KiaClutch | @Kia pic.twitter.com/TAMjcBF4ER
— NBA (@NBA) April 23, 2025
Второто место во гласањето за оваа награда го освои Јокиќ, додека третото место го освои Ентони Едвардс од Минесота.
Јокиќ останува да се надева на најважната индивидуална награда - МВП, но шансите му се мали.
Имено, се претпоставува дека МВП ќе ѝ припадне на ѕвездата на Оклахома, Шеј Гилџс-Александер.