НБА 2024/2025

Кари и Батлер со 75 поени го одведоа Голден Стејт во плејофот, славеше и Орландо

Ноќеска се одиграа два плејин натпревари од НБА лигата, а на тој начин ги запознавме новите учесници во плејофот, откако победија Голден Стејт Вориорс и Орландо Меџик.

Голден Стејт во фантастичен натпревар го совлада Мемфис Гризлис со 121:116, па така Вориорс успеаја да се пласираат во плејофот.

Натпреварот го одбележаа неверојатните перформанси на Џими Батлер и Стеф Кари, кои заедно постигнаа 75 поени. Кари постигна 38, а Батлер еден помалку (37). Заедно со тој учинок, Кари имаше 8 скокови и 4 асистенции, додека Батлер фати 7 скокови и уфрли 6 асистенции.

Кај Мемфис блескаше Дезмонд Бејн со 30 поени, но тоа не беше доволно за Гризлис да избегнат пораз. Голден Стејт во плејофот ќе игра против Хјустон Рокитс.

Remote video URL

Во плејофот се пласираше и Орландо Меџик, кој ја искористи предноста на домашен терен и ја совладаа Атланта Хокс со 120:95.

Тре Јанг беше најефикасен на натпреварот со 28 поени и 6 асистенции, но не им помогна на Хокс да победат. На другата страна, Кол Ентони беше најдобар со 26 поени и 6 скокови.

Remote video URL

За поразените Мемфис и Атланта сезоната не е завршена, бидејќи тие како осмопласирани од регуларниот дел ќе имаат уште една шанса преку плејинот да обезбедат пласман во плејофот.

Мемфис сега го чека победникот од пресметката Сакраменто Кингс -Далас Маверикс, со кој ќе игра во финалето на плејинот, додека Атланта го чека победникот од дуелот Чикаго Булс - Мајами Хит.

Орландо во првото коло од плејофот го очекува серија против актуелниот шампион Бостон Селтикс.

Тагови
реклама

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

6 совети за подобар вкус на домашните ќебапи

Read more

Млада Месечина во Овен на 17 април: Нов почеток за три хороскопски знаци

Read more

Кошарка

Кошаркар висок 2,36 има просек од 0,5 скока, а бара договор од 3 милиони долари

Read more

Тренерот на Минесота во неволја: Не знам како да го чуваме Јокиќ

Read more

Новото НБА правило за 65 натпревари ја подели лигата, Баркли немилосрден кон играчите

Read more

Лејкерс во проблеми пред плејофот: Дончиќ и Ривс го пропуштаат почетокот на серијата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Читај повеќе

Алаба го напушта Реал

Читај повеќе

Верстапен разочаран: Сакам да ја напуштам Формула 1, ова со правилата...

Читај повеќе

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Читај повеќе

Меси купи клуб во Каталонија

Читај повеќе

Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од кодомаќините

Читај повеќе

Пожар ги уништи соблекувалните на Базел

Читај повеќе

Снајдер: Не е крив судијата, Камавинга е идиот!

Читај повеќе
  • play_arrow

Претседателот на УЕФА е во Скопје, се сретна со премиерот Мицкоски и ФФМ претседателот Омерагиќ

Читај повеќе