Кога НБА Балканците затвораат кафана: Им снема алкохол, не беа подготвени за нас

Веќе е добро познато дека Никола Јокиќ е магнет за внимание. Неговото опуштено однесување, харизма и посебната врска со Лука Дончиќ често се главните атракции на Олстар викендот.

Од лево кон десно: Бобан Марјановиќ, Лука Дончиќ, Никола Јокиќ, Влатко Чанчар, Горан Драгиќ и Никола Вучевиќ

Но, малкумина знаат како е кога сите момци од Балканот кои доминираат во светската кошарка денес се собираат на едно место.

Една таква ноќ е опишана во книгата „Why So Serious?: The Untold Story of NBA Champion Nikola Jokić“, роман за животот на Јокиќ, а сцената се одвивала во ресторан со симболично име - „Три моста“.

Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Бобан Марјановиќ, Влатко Чанчар, Горан Драгиќ и Никола Вучевиќ биле на иста маса. Според авторот, тие на почетокот се обиделе да останат дискретни, но како што се случува кога Балканците се опуштаат - вечерта добила сосема поинаков тек.

Марк Гасол и Руди Гобер исто така биле во близина, но за жал или за среќа избегнале дружба. Балканците се обиделе да ги поканат да им се придружат, но бидејќи тоа не се случило, тие реагираа на свој хумористичен начин - со пцуење на нивниот јазик.

Гасол, кој разбира српски, возвратил со иста мера. Влатко Чанчар подоцна низ насмевка признал.

„Мислам дека бевме премногу интензивни за нив“.

Како започнало сè? Чанчар рекол дека никој дури и не помислил на алкохол, но тој, сепак, попуштил.

„Сакам дупло мохито“, рекол - и тоа било почетокот на вечерта.

Музиката од ресторанот била премногу тивка за зголемената енергија, па затоа играчите решиле да изберат по една песна. Кога тоа не било доволно, го испратиле Чанчар по звучник.

„Штом се врати, работите се влошија“, се присетил Вучевиќ со насмевка.

„Емоциите нè доведоа до славје.“

„Никогаш не зборуваме за политика. Нашата музика е премногу емотивна“, рекол Вучевиќ, а потоа следувала песна. Целата кафанска екипа станала и почнала да пее.

„Кога пуштаме музика, имаме една игра – коло. Никој не знае да го игра, знаеме само неколку чекори“, додал Бобан Марјановиќ.

„Никола е талентиран во многу работи, но не и за коло.“

Забавата се преселила од ресторанот во хотелскиот базен, кој бил – барем теоретски – затворен. Истото важело и за тобоганот, но енергијата на Балканот не познава правила.

„Тобоганот немаше вода, беше сосема сув“, рекол Чанчар.

Никој не се осмелил да се спушти – освен Јокиќ и Дончиќ. Никола слетал во базенот без никакви проблеми, но Лука инсистирал да оди на стомак. Чанчар се сетил на звукот на „крцкање на кожата по пластиката“, а резултатот од тој акробатски обид бил – модринка.

Ресторанот на крајот морал да се затвори бидејќи – буквално – му снемало алкохол. Според Чанчар, тие пиеле „сè што имале при рака“. Бучава, музика и смеа надалеку можеле да се слушнат, а персоналот на ресторанот, иако исплашен, немал срце да ги прекине.

„Направивме одлична забава од ништо“, заклучил Вучевиќ.

реклама

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Read more

Непријатни несакани ефекти што астронаутите на Artemis II ќе ги доживеат на Земјата

Read more

Кошарка

Јокиќ го предводеше Денвер до 10-тата победа во низа

Read more

Лејкерс немоќни без Дончиќ, Леброн и Ривс: Потоп од 46 разлика против Оклахома

Read more

Јокиќ повторно правеше чуда, Денвер победи иако губеше 18 разлика

Read more

Наследникот на Дончиќ брилираше против Лејкерс и со 45 поени го предводеше Далас до триумф

Read more
 

Спорт

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Читај повеќе
  • play_arrow

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Читај повеќе

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Читај повеќе

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Читај повеќе

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Читај повеќе

Барселона пред испаѓање, Јамал верува во чудо 

Читај повеќе

Објавен списокот на фудбалерки за двете пресметки со Унгарките

Читај повеќе
  • play_arrow

Слот откри зошто Салах не одигра ниту една минута против ПСЖ

Читај повеќе

Клучниот човек на Верстапен потпиша за Мекларен

Читај повеќе