Лас Вегас на чекор од НБА тим: Три групи во историска трка

Лас Вегас е сѐ поблиску до формирање НБА тим, а луѓето што сакаат да го донесат се подготвени да издвојат неверојатна сума. Според информациите од Шамс Чаранија, се очекува лигата во многу блиска иднина да ја избере победничката понуда од трите преостанати групи сопственици, со инвестиција од најмалку 12 до 13 милијарди долари за франшизата и новата арена.

Последната трка е помеѓу Ненси Волтон Лори и Бил Лори, Стив Апостопулос и Марк Ласри, и Бил Фоли и Џери Коланџело. Три групи со огромен капитал и луѓе што веќе се поврзани со професионалниот спорт сега чекаат одлука што би можела да ја промени кошаркарската мапа на Америка.

Ненси Волтон Лори е дел од семејството зад Walmart, еден од најголемите малопродажни синџири во светот. Заедно со својот сопруг Бил, таа претставува финансиски моќен кандидат за влез во НБА во време кога вредноста на франшизите продолжува да расте.

Втората група е предводена од бизнисменот Стив Апостопулос и Марк Ласри, човек што НБА бизнисот го познава од корен. Ласри беше косопственик на Милвоки Бакс и го продаде својот удел во 2023 година, кога франшизата беше проценета на 3,5 милијарди долари. Сега сака да се врати во лигата преку проект чија вкупна цена е многу пати поголема.

Третата група ја сочинуваат Бил Фоли и Џери Коланџело. Фоли веќе има силна позиција во Лас Вегас преку сопствеништвото на НХЛ тимот Вегас Голден Најтс, додека Коланџело носи децении искуство во НБА и репутација како поранешен сопственик на Финикс Санс.

Коланџело претходно беше дел од проектот на Лас Вегас Џекс, чија група објави цел за собирање помеѓу 12,5 и 13 милијарди долари. Во јули беше објавено дека веќе се обезбедени 5 милијарди долари, а формално беше изразен интерес за дополнителни 3 милијарди долари. Сепак, тоа не значеше дека е собрана целата потребна сума.

Огромната сума бара прецизно објаснување: гореспоменатите 12 до 13 милијарди долари се однесуваат на франшизата и новата арена заедно. Дури кога ќе бидат познати конечните услови, ќе биде можно да се утврди колку ќе биде цената за приклучување кон НБА.

Според овој извештај, Лас Вегас е на работ на важен „печат“, но работата сè уште не е завршена. Победничката група сè уште не е избрана, а објавувањето на претстојната одлука претставува уште еден голем чекор кон тоа градот да добие свој НБА тим.

Лас Вегас има 2,4 милиони жители, но бидејќи е туристички град тој број значително расте поради големиот грој посетители. Оттаму, која група и да создаде НБА франшиза во Лас Вегас, не би имала проблем за брзо време да гио врати вложените средства.

Тагови
реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Read more

Кос: Добив јасни сигнали дека нема смисла да барам средба со Јанша

Read more

Брз и вкусен ручек за по работа: Печена брокула со кашкавал и павлака

Read more

Кошарка

Нова 40-ка на Дончиќ, исфрли и навивач од арената

Read more

Само Џордан имал подобар старт: Налетот на Дончиќ ја остава НБА без одговор

Read more

Ураганот Лука е незапирлив: Дончиќ го разнесе и Мајами

Read more

Зошто Вемби насекаде оди бос?

Read more

Спорт

Крај на една ера: Португалија го објави првиот состав без Роналдо

Читај повеќе

Хамилтон стои зад критиките кон Леклер: Никогаш нема да се извинам 

Читај повеќе

Мауро Икарди очајнички сака да се врати во Серија А: Му се нуди на Интер, би се преселил и во Јуве

Читај повеќе

Инфантино му оддаде почит на Роналдо: Постигна подвизи што можеби никогаш нема да се повторат

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој е 17-годишниот вундеркинд кој доби повик од Клоп?

Читај повеќе

Недопирливо наследство: Засега никој нема да ја носи „десетката“ на Меси

Читај повеќе

Роналдо не сака ни проштален натпревар за Португалија

Читај повеќе
  • play_arrow

Доктор ја објаснува трагедијата со смртта на Хесус де Мигел

Читај повеќе
  • play_arrow

Соборен Гинисов рекорд: 51 исклучување на еден натпревар во Бразил

Читај повеќе