ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2025

Леброн и Дончиќ добија засилување за напад на титулата: Одличниот центар потпиша за Лејкерс

Центарот Деандре Ејтон се согласи на двегодишен договор со Лос Анџелес Лејкерс откако го финализираше раскинувањето на договорот со Портланд Треилблејзерс, според информациите од НБА инсајдерот Шамс Чаранија.

Договорот ќе му донесе 8,1 милиони долари од Лејкерс оваа сезона, покрај дополнителните 25,6 милиони долари што Портланд сè уште му ги должи, со што неговата вкупна заработка ќе достигне приближно 34 милиони долари.

Ејтон сега им се придружува на Лејкерси, на кои очајно им е потребен голем играч откако го продадоа Ентони Дејвис во Далас Маваерикс во февруари, во размената со која Лука Дончиќ се пресели во Лос Анџелес.

Се очекува Ејтон да ја преземе улогата на стартер центар, а овој потег го спојува и со Дончиќ, бидејќи двајцата беа избрани на првото и третото место на НБА драфтот во 2018 година.

Репрезентативецот на Бахамите има просек од 16,4 поени и 10,5 скокови во кариерата, додека шутира со 59% од поле во текот на седум сезони, а многумина веруваат дека тој е играчот што им недостасуваше на Дончиќ и Леброн Џејмс.

Интересно е што Ејтон е единствениот играч по Двајт Хауард кој има постигнато најмалку 10 поени и 10 скокови во секоја од своите први седум сезони во НБА.

Патем, американските медиуми веруваат дека ова е и одговорот на Лејкерс на размените на Денвер, па затоа нема сомнение дека нè очекува жестока трка за шампионската титула во НБА.

реклама

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more

Што се случува со црниот дроб кога пиете кафе секој ден?

Read more

Роверот Perseverance испрати ново селфи од Марс

Read more

Кошарка

Дубаи се заканува со повлекување од АБА лигата

Read more

Синот на Пеџа Стојаковиќ се двоуми дали да игра за Србија или за Грција

Read more

Детроит загуби добиен меч, Кливленд блиску до финалето на Истокот

Read more

Вемби ги предводеше Спарс до победа над Минесота, на еден триумф се од финалето на Западот

Read more
 

Спорт

AS: Балканскиот гениј нокаутиран, Милан во криза

Читај повеќе

Цените на билетите за Светско паѓаат, а бесот на навивачите не стивнува

Читај повеќе

Шпански медиуми: Мурињо веќе постигнал договор со Реал Мадрид

Читај повеќе

Дубаи се заканува со повлекување од АБА лигата

Читај повеќе

ФФМ потврди: На 1 јуни пријателска против Турција во Истанбул

Читај повеќе
  • play_arrow

Синот на Пеџа Стојаковиќ се двоуми дали да игра за Србија или за Грција

Читај повеќе

Римското дерби конечно доби термин: В недела точно на пладне!

Читај повеќе

Мбапе удри по тренерот: Ми рече дека сум четврти напаѓач; Арбелоа: Не е вистина

Читај повеќе

Истрага ќе го одложи плејоф финалето за пласман во Премиер лигата

Читај повеќе