Откако вчера ги добивме имињата на првите полуфиналисти од НБА купот (Орландо и Њујорк), денес го комплетиравме и вториот полуфинален пар.
Сан Антонио Спарс се пласираа во полуфиналето со победа од 132:119 над Лос Анџелес Лејкерс.
Сан Антонио до победата го предводеше дуото Стефон Касл и Де'Арон Фокс, кои заедно постигнаа 50 поени. Касл постигна 30, а Фокс 20.
На Лејкерс не им помогнаа ниту одличните настапи на нивните две најголеми ѕвезди, Лука Дончиќ и Леброн Џејмс. Дончиќ го заврши натпреварот со 35 поени и 8 асистенции, додека Џејмс имаше 19 поени, 15 скокови и 8 асистенции.
Оклахома Сити Тандер ја демонстриреше својата сила победувајќи го Финикс Санс со дури 49 поени разлика (138:89).
За шампионите, Шеј Гилџс-Александер постигна 28 поени за 27 минути, додека Чет Холмгрен додаде 24.
Дилон Брукс го предводеше Феникс со 16 поени, што доволно зборува за тоа како Санс играа против Тандер.
Финалниот турнир со четири екипи се игра во Лас Вегас, а полуфиналните двојки се следниве:
Орландо Меџик - Њујорк Никс (13 декември во 23:30 часот)
Оклахома Сити Тандер - Сан Антонио Спарс (14 декември во 3:00 часот)