Лос Анџелес Лејкерс пред своите гледачи ги совладаа Минесота Тимбервулфс со 94:85, израмнувајќи во плејоф серијата на НБА на 1:1.

Главно име на натпреварот беше Лука Дончиќ, за кого тоа беше втор настап за Лејкерс во плеј-офот по поразот од Минесота во првиот.
Словенечкиот кошаркар имаше 31 поен, 12 скока и 9 асистенции, а беше на прагот на трипл-дабл. Како и на првата средба го следеше Леброн Џејмс со 21 поен, 11 скока и 7 асистенции. Дуото Џулиус Рендл и Ентони Едвардс беше најдобро за гостите. Рендл постигна 27 поени со 4 скока и 6 асистенции, а Едвардс имаше 25 поени и 6 скока.
Лејкерс заостанаа зад своите противници само на почетокот на натпреварот. Минесота имаше 0:2 и 2:4, по што домаќините почнаа да доминираат. Првата четвртина ја завршија со предност од +19 и ја задржаа предноста до последната четвртина, кога Минесота затвори на девет поени од негативата.
Серијата помеѓу Лејкерс и Тимбервулфс се сели во Минесота каде ќе се одиграат два натпревари. Првиот е во ноќта од петок кон сабота по наше време.
Во останатите натпревари од плејофот, Индијана Пејсерс го победи Милвоки Бакс со 123:115, со што максимално ја искористи домашната серија во првите два натпревари, по што има 2:0 во серија. Јанис Адетокунбо доминираше со 34 поени, 18 скока и 7 асистенции, но тоа не беше доволно за победа. Најдобар играч на Индијана беше Паскал Сијакам со 24 поени, 11 скока и 3 асистенции.
Истото го направи и Оклахома Сити Тандер, кој го совлада Мемфис Гризлис со 118:99. Најдобар играч на натпреварот беше Шаи Гилгеус-Александер, кандидат за МВП на регуларниот дел од сезоната, додека Џерен Џексон од Мемфис постигна 26 поени.