НБА 2024/2025 плејоф

Мајами доживеа најголема плејоф брука во историјата на НБА

Ноќеска беа одиграни два натпревара од плејофот на НБА, а по нив добивме уште еден четвртфиналист во тимот на Кливленд Кавалирс, кој го сомле Мајами Хит во серијата со убедливи 4-0.

Кливленд и во последниот дуел го презгази својот ривал победувајќи со резултат од 138:83, разлика од неверојатни 55 поени. Инаку, Кливленд беше доминантен во секој меч. Серијата започна со триумф од 21 поен, во вториот дуел беше „само“ 9 разлика, во третиот 37, а ноќеска испишаа историја со четвртиот натпревар.

Вкупната разлика во низ серијата гласи 122 поена, што ја прави најубедлива серија во историјата на НБА плејофот. Претходниот рекорд го држеше Лос Анџелес Лејкерс од 1986 година, кога ја заврши серијата со +109 поени разлика во четири натпревари.

Кај Кливленд се истакнаа Донован Мичел со 22 поена, Де'Андре Хантер со 19, Тај Џером уфрли 18, Еван Мобли 17, а Џерет Ален дабл-дабл со 14 поени и 12 скокови. Во поразениот табор Никола Јовиќ го одигра својот натпревар на сезоната во дресот на Мајами постигнувајќи 24 поени, додека Бем Адебајо оствари дабл-дабл со 13 поени и 12 скокови.

Remote video URL

Натпреварот помеѓу Голден Стејт Вориорс и Хјустон Рокетс беше далеку повозбудлив, а домаќините славеа по драматичната победа од 109:106, поведувајќи со 3-1 во серијата.

Гостите дури и водеа на полувремето, но брилијантниот трет период на Голден Стејт беше одлучувачки фактор, во кој успеаја да направат пресврт и да ја одржат таа предност до крајот.

Џими Батлер со 27 и Брендин Паџемски со 26 поени беа најдобри во редовите на Голден Стејт, додека на Хјустон не му помогна ниту одличната игра на Алперен Шенѓун, кој имаше 31 поен и 10 скокови, а го пратеше Фред ВанВлит со 25 поени.

Remote video URL

Резултати:

Мајами Хит - Кливленд Кавалирс 83:138 (0-4 во партии)
Голден Стејт Вориорс - Хјустон Рокитс 109:106 (3-1 во партии)

реклама

Хајди Клум ги прекрши сите правила на Канскиот филмски фестивал

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Read more

Нова студија нуди ефикасен метод за слабеење без гладување

Read more

Кошарка

Минесота ќе игра финале во Западот, Бостон намали против Њујорк

Read more

Кливленд шокатно испадна, пирови 44 поени на Јокиќ

Read more

Мајкл Џордан ќе стане стручен коментатор на НБА натпреварите

Read more

На прагот сме на голема сензација и елиминација на Бостон и Голден Стејт

Read more
 

Спорт

Заврши сезоната за Феран Торес

Читај повеќе
  • play_arrow

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Читај повеќе
  • play_arrow

Минесота ќе игра финале во Западот, Бостон намали против Њујорк

Читај повеќе

Ѕвездата на Реал Мадрид го прекина молкот: Доста измислувате

Читај повеќе

Романо: Алонсо целиот свој живот се подготвуваше за овој момент

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Барса нема да слави на теренот ако утре стане шампион?

Читај повеќе

Иконската Сампдорија падна најниско во својата богата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Кливленд шокатно испадна, пирови 44 поени на Јокиќ

Читај повеќе

Интер со најголема заработка меѓу италијанските клубови во историјата на ЛШ

Читај повеќе