НБА 2024/2025 плејоф

Минесота го декласираше Голден Стејт и израмни на 1-1, Грин го нокаутираше Рид

Минесота Тимбервулвс го израмнија резултатот во серијата во полуфиналната плејоф серија на Западната конференција на НБА на 1-1 против Голден Стејт Вориорс, победувајќи ги со 117:93 на домашен терен ноќеска.

Минесота убедливо победи против ослабените Вориорс, кои беа без Стеф Кари, суперѕвездата која се повреди на почетокот од првиот натпревар.

Уште на почетокот од натпреварот, Минесота направи голема предност од 29:15 и не ја испушти до самиот крај.

Во центарот на вниманието за време на мечот беше и контроверзниот Дрејмонд Грин, кој ја заработи својата петта техничка грешка во овие плејоф натпревари.

Во еден момент, Грин реагираше бурно по фаулот на Наз Рид и го удри со лакт. Рид падна на земја, а Грин подоцна продолжи да му вика на судијата Тони Брејзерс. Го смири Кари, кој го гледаше натпреварот од клупата.

Заврши 117:93. Џулиус Рендл блескаше за Минесота со 24 поени, 11 асистенции и 7 скокови, додека Никил Александае-Вокер и Ентони Едвардс постигнаа по 20 поени, а вториот имаше и 9 скокови и 5 асистенции. Џејден МекДениелс уфрли 16 поени со по 3 украдени топки и 3 блока.

Со 11 асистенции, Рендл постави и рекорд во кариерата кога станува збор за плејофот, бидејќи тоа е неговиот најдобар настап во разигрувањето досега.

Џонатан Куминга се истакна за Голден Стејт со 18 поени, додека Џими Батлер имаше 17 асистенции.

Remote video URL

Серијата сега се сели во Сан Франциско, а Голден Стејт ќе одигра два натпревара пред своите домашни навивачи.

реклама

Кошарка

Сите за еден, еден за сите не важи во Бруклин: Не е чудо што се најлош тим во лигата

Read more

Неверојатниот Дончиќ се изедначи со легендата Вилт Чембрлејн

Read more

Влезот на Леброн во Куќата на славните загрозен од НБА скандалот?

Read more

Јокиќ не го исклучува МВП режимот: Четврти трипл-дабл во четвртиот меч сезонава

Read more
 

Спорт

Еден месец ги чини 40.000 евра – клубот го моли Депај да го напушти хотелот

Читај повеќе

Факти за Големата награда на Бразил, спектаклот е загарантиран

Читај повеќе

Ѓоковиќ во група со Алкарас на Завршниот Мастерс во Торино

Читај повеќе

Милевски: Нашите играчи се феномени, со мала клупска минутажа даваат максимум во репрезентацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси индиректно му одговори на Роналдо за врвот на кариерата

Читај повеќе

Селекторот Милевски го објави списокот на играчи за одлучувачкиот меч против Велс

Читај повеќе

Спектакуларен гол на Јамал во стилот на Меси

Читај повеќе

Лоши вести за ПСЖ и Мароко – Хакими ќе отсуствува неколку недели

Читај повеќе

Милан и Интер го купија Меаца од градот Милано

Читај повеќе