НБА 2024/2025 плејоф

На прагот сме на голема сензација и елиминација на Бостон и Голден Стејт

Бостон Селтикс и Голден Стејт Вориорс неочекувано се соочуваат со рана елиминација од плејофот на НБА по новите порази што ги доведоа нивните ривали на чекор до пласман во конференциско финале.

Њујорк Никс играат фантастично во плејофот и сега имаат водство од 3-1 во серијата против актуелниот шампион Бостон Селтикс.

Во четвртиот натпревар од серијата во нивниот „Медисон Сквер Гарден“, Никс го победија Бостон со 121:113, па имаат три меч-топки за пласман во финалето на Источната конференција.

Ниту 42-та поена на Џејсон Тејтум не беа доволни за Бостон. За жал, Тејтум се повреди по импресивната игра. Поточно, сè се случи три минути пред крајот кога беше изнесен од теренот во инвалидска количка, и прашање е што ќе со него во наредниот период.

Remote video URL

Џејлен Брансон повторно беше феноменален за Њујорк со 39 поени, 12 асистенции и 5 скокови, додека Микал Бриџис и Карл-Ентони Таунс додадоа по 23.

Remote video URL

Уште еден многу популарен и сакан клуб е пред испаѓање. Станува збор за Голден Стејт Вориорс, кој повторно беше поразен од Минесота Тимбервулвс.

Минесота победи како гостин со 117:110 и со тоа се здоби со предност од 3-1, што значи дека и тие имаат три меч-топки за конференциско финале.

Од самиот почеток на овој дуел беше јасно дека нè очекува вистинска драма, но вистинската лудост се случи во третата четвртина, кога одбраната на Вориорс целосно се распадна. Тимбервулвс го добија овој дел од натпреварот со неверојатни 39:17, со што ја обезбедија победата.

Џулиус Рендл со 31 и Ентони Едвардс со 30 поени ја предводеа Минесота до победа, додека Џонатан Каминга постигна 22 поена кај Голден Стејт.

Вреди да се напомене дека Голден Стејт е без својата најголема ѕвезда, Стеф Кари, поради повреда.

Remote video URL

Резултати:

Њујорк Никс - Бостон Селтикс 121:113 (3-1)
Голден Стејт Вориорс - Минесота Тимбервулвс 110:117 (1-3)

Тагови
реклама

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Read more

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Read more

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Read more

Најглупавите мегапроекти во светот

Read more

Кошарка

Евролигата сака да ја тужи НБА

Read more

Пирови 42 поена на Дончиќ, Лејкерс заринкаа кај слабите Кингс

Read more

Џејмс Харден го надмина Шек и влезе во топ 10 најдобри стрелци во НБА

Read more

Лоши вести за Јокиќ

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мане со еврогол ги исфрли Салах и Египет, Сенегал е финалист на АФКОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси со една реченица ја зголеми вредноста на акциите на Coca-Cola

Читај повеќе

Мато се договори со Хартс, а Вардар го продаде во МЛС да игра против Меси

Читај повеќе
  • play_arrow

Максимилијан Ибрахимовиќ ќе се докажува во Ајакс

Читај повеќе

Само тројца играчи на Реал не се збогуваа со Чаби

Читај повеќе

Клоп нема намера да работи како тренер

Читај повеќе
  • filter

Конте суспендиран и казнет со 15.000 евра

Читај повеќе

Карик го презема Јунајтед и веднаш носи засилување во средниот ред

Читај повеќе