Челниците на НБА лигата имаат идеја да го прошират ова натпреварување во Европа, се води голема битка со Евролигата околу ова, а седиштето на најсилната кошаркарска лига во светот веќе закажа 6 натпревари на територијата на Стариот континент.
Сепак, идејата не е да се играат сите шест натпревари во следната сезона, туку НБА тимовите да играат толку натпревари во текот на следните три години, што значи дека ќе има два натпревара годишно.
Како што беше најавено, во сезоната 2025/2026, натпреварот помеѓу Мемфис Гризлис и Орландо Меџик ќе се игра на 15 јануари во Берлин, што ќе биде прв пат натпревар на НБА екипи да биде организиран во Германија.
По овој натпревар, експедициите на Гризлис и Меџик ќе се преселат во Англија, каде што ќе одиграат натпревар на 18 јануари на лондонската „О2“ арена.
Официјалната веб-страница на НБА објави и дека во 2027 година натпреварите ќе се играат во Манчестер и Париз, а во 2028 година Берлин и Париз ќе бидат домаќини на екипи од НБА.
Europe, get ready! ✈️🌍
— NBA (@NBA) July 30, 2025
The NBA will host SIX regular-season games in Europe over the next three years, with games to come in Berlin and London (2026), Manchester and Paris (2027) and Berlin and Paris (2028).
🗞️ https://t.co/4NoauGQOj7 pic.twitter.com/jn5vPeYxWs