НБА 2025/2026 плејоф

Немоќните Лејкерс пред метла, Оклахома повторно победи убедливо

Оклахома Сити Тандер ја продолжи својата совршена серија во овогодинешниот НБА плејоф со доминантна победа од 131:108 на гостински терен над Лос Анџелес Лејкерс во третиот натпревар од второто коло на Западната конференција.

Тандер ја забележаа и седмата последователна победа во плејофот (7-0), доведувајќи ги Лејкерс на работ на елиминација. Во саботата навечер, х факторот на натпреварот беше Аџеј Мичел, кој одигра плејоф натпревар на кариерата со 24 поени и 10 асистенции.

Првата ѕвезда на тимот, Шеј Гилџс-Александер, додаде 23 поени и 9 асистенции, и покрај тоа што промаши 9 од своите први 11 шутеви поради силниот дефанзивен притисок од Лејкерс.

Чет Холмгрен исто така придонесе со 18 поени и 9 скокови, доминирајќи во рекетот во клучните моменти.

Исто како и во претходниот дуел, Лејкерс се држеа храбро во текот на првото полувреме. Предводени од одличниот Руи Хачимура, кој го заврши натпреварот со 21 поен, домаќините дури имаа и мала предност пред паузата. Сепак, третата четвртина донесе целосен колапс на системот во редовите на Лејкерс.

Тандер префрли во друга брзина, декласирајќи ги домаќините во третата четвртина со 33:20.

Леброн Џејмс (19 поени, 8 асистенции, 6 скокови) и Остин Ривс (17 поени, 9 асистенции) се обидоа да го следат темпото, но двајцата имаа големи проблеми со реализацијата, шутирајќи вкупно 12 од 32 од поле.

Лук Кенард исто така имаше добра улога од клупата со 18 поени, но тоа не беше доволно против моќната машинерија од Оклахома.

Remote video URL

Треба да се напомене дека двата тима играат без клучни играчи. Лејкерс сè уште се без најдобриот стрелец во лигата, Лука Дончиќ, кој го пропушти 14-тиот натпревар по ред поради повреда на задниот вкрстен лигамент, а неговото враќање не е на повидок во скоро време. Од друга страна, третиот стрелец на Тандер, Џејлен Вилијамс, веќе петти натпревар како паузира.

Четвртиот натпревар, во кој Лејкерс ќе се обидат да ја спасат својата чест и да ја избегнат метлата, е закажан за понеделник вечер во Лос Анџелес, односно во вторник утрината во 4:30 часот по македонско време.

Во другиот меч одигран синоќа Кливленд Кавалирс го совлада Детроит Пистонс со 116:109 и намали на 2-1 во серијата.

реклама

Кошарка

Дресот на Џордан од „Последниот танц“ се продаде за рекордни 12,26 милиони долари

Read more

Лас Вегас на чекор од НБА тим: Три групи во историска трка

Read more

Шек ги спореди НБА и Евролигата: Знам дека ќе добијам многу критики

Read more

Леброн Џејмс во дрес на Филаделфија: Не дојдов тука за да изгубам во втората рунда

Read more

Спорт

Случај Свилар: Сака да брани за Белгија, но не може, може да брани за Србија ама не сака

Читај повеќе
  • play_arrow

Шкотската химна среде Скопје ечеше појако од македонската

Читај повеќе

Паника во Манчестер Сити: Халанд со приватен авион ја напушти Португалија

Читај повеќе

Прескап пех на Расел во Малезија: Титулата е (не)возможна мисија

Читај повеќе
  • play_arrow

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Читај повеќе

Конте навестува за иднината: Сакам да одам во клуб каде што има притисок

Читај повеќе

Каде исчезна моќната Германија?

Читај повеќе

Жезуш: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Лудница во Малезија: Триумф на Верстапен по 303 дена, блескава трка за Хамилтон, кошмарна за Расел

Читај повеќе