Лука Дончиќ постигна најмалку 40 поени трет натпревар по ред, а Лејкерс во Сакраменто остварија трета победа во низа. Ги победија Кингс со 116:103, со 9 скокови и 7 асистенции од Словенецот, кој сам им донесе на гостите прво двоцифрено водство пред полувремето.
На 46:46, Дончиќ погоди тројка над Лики Блек, со што врза три тројки. Првата беше над Дариус Ејкаф Џуниор, а по третата, резултатот на семафорот гласеше 57:46 за Лејкерс. Сите 11 поени во таа серија ги постигна Лука, кој веќе имаше 23 поени на полувремето.
Лејкерс изградија водство од 16 поени во третата четвртина, а натпреварот беше накратко прекинат кон крајот на тој период. Еден навивач во првиот ред агресивно ја фрли топката кон судијата Челси Пејнтер по аут. Дончиќ покажа кон него и му проговори, а потоа обезбедувањето го испрати од салата. Не е познато што му рекол Лука.
A fan sitting courtside hits the female ref with the ball and gets ejected. Luka Doncic: "What the f*ck are you doing?" https://t.co/wKwD3ITIKR
— Hater Report (@HaterReport) November 5, 2026
Сакраменто се приближи на 7 поени во последните минути, но Дончиќ од лчинијата за слободни им помогна на Лејкерс да ја зачуваат победата. Го заврши натпреварот со 6 тројки и 12 погодоци од 13 обиди. Во своите први 8 настапи сезонава достигна 308 поени. Пред него, последниот играч што ја достигна границата од 300 поени во првите 8 натпревари беше Мајкл Џордан во сезоната 1988/1989.
Остин Ривс додаде 21 поен за Лејкерс, кои сега имаат скор од 7-2. Ејкоф ги предводеше Кингс со 22 поена и 12 асистенции, но Сакраменто сè уште чека на својата прва победа пред своите навивачи по третиот домашен натпревар.
Резултати:
Детроит Пистонс - Филаделфија 76ерс 106:112
Вашингтон Визардс - Атланта Хокс 105:120
Бостон Селтикс - Милвоки Бакс 109:102
Бруклин Нетс - Шарлот Хорнетс 114:104
Њујорк Никс - Чикаго Булс 135:105
Мемфис Гризлис - Индијана Пејсерс 103:107
Њу Орлеанс Пеликанс - Јута Џез 120:113 прод.
Оклахома Сити Тандер - Кливленд Кавалирс 124:116
Хјустон Рокитс - Минесота Тимбервулвс 107:117
Денвер Нагетс - Торонто Репторс 128:109
Финикс Санс - Портланд Треил Блејзерс 119:132
Сан Антонио Спарс - Далас Маверикс 112:111
Сакраменто Кингс - Лос Анџелес Лејкерс 103:116
Лос Анџелес Клиперс - Мајами Хит 116:117 прод.
Табела: