НБА 2024/2025 плејоф

Њујорк Никс демонстрираше сила и го елиминира бранителот Бостон

Кошаркарите на Њујорк Никс го победија Бостон Селтикс во шестиот натпревар со 119:81, елиминирајќи ги од плејофот за титулата.

Актуелните шампиони беа фаворити во серијата против Никс, но по повредата на Џејсон Тејтум работите значително се променија и на крајот Њујорк се пласираше во финалето на Источната конференција со водство од 4-2 во серијата.

Во синоќешниот натпревар во преполниот „Медисон Сквер Гарден“, со рекордно скапи билети, Њујорк демонстрираше сила и славеше убедлива победа, а прашањето за победникот беше решено веќе на полувремето кога Никс имаа плус 27 (64:37).

Њујорк до победата го предводеа четири играчи со повеќе од 20 поени - Џејлен Брансон (23), ОуЏи Ануноби (23), Мајкл Бриџис (22) и Карл-Ентони Таунс (21). Џош Харт имаше трипл-дабл од 10 поени, 11 скокови и 11 асистенции.

Од другата страна, единствен расположен за игра беше Џејлен Браун, кој го заврши натпреварот со 20 поени.

Remote video URL

Њујорк ќе игра против Индијана Пејсерс во финалето на Источната конференција и ќе има предност на домашен терен во серијата до 4 победи. Првиот дуел ќе се игра ноќта од вторник кон среда.

реклама

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Read more

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Сепаратистичка партија победи на изборите во Квебек и најави референдум за отцепување

Read more

Што се случува со крвниот притисок кога пиете повеќе вода?

Read more

Кошарка

Евролигата ја одби понудата од НБА

Read more

Дресот на Џордан од „Последниот танц“ се продаде за рекордни 12,26 милиони долари

Read more

Лас Вегас на чекор од НБА тим: Три групи во историска трка

Read more

Шек ги спореди НБА и Евролигата: Знам дека ќе добијам многу критики

Read more

Спорт

Седум земји во трката за домаќин на Олимписките игри 2036 

Читај повеќе

Муслиу: За успех мора сите да учествуваме дефанзивно

Читај повеќе

Седлоски: Не дојдовме само да го одиграме натпреварот

Читај повеќе

Евролигата ја одби понудата од НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

Јаник Синер објави крај на сезоната

Читај повеќе

Бенин има урнебесен тактички план за Меси на збогувањето: Не го чуваме, само ќе уживаме

Читај повеќе

Ѓоковиќ: Кога ќе ги решам здравствените проблеми, не гледам проблем да стигнам до ОИ во Лос Анџелес

Читај повеќе

Португалски новинар тврди: Роналдо не сака да игра за репрезентацијата додека Жорже Жезуш е селектор

Читај повеќе

Зидан ја откри формулата на одличната Франција: Резервите прават разлика, но тимската работа е клучна

Читај повеќе