НБА 2024/2025 плејоф финале

Оклахома ја прегази Минесота на стартот од финалето на Западот

Со натпреварот помеѓу Оклахома Сити Тандер и Минесота Тимбервулвс почнаа конференциските финалиња, а Тандер со импресивна победа од 114:88 покажаа зошто се главни фаворити во лигата.

Оклахома, откако ги елиминираше Денвер Нагетс во полуфиналето на Западната конференција, ја отвори серијата против Минесота на најдобар можен начин, покажувајќи дека ги интересира само пласман во финалето и освојување на титулата.

Интересно е што Оклахома повторно, како и во многу претходни дуели во плејофот, не успеа да го скрши отпорот на ривалот во првото полувреме. Гостите дури имаа и 4 поени водство на полувремето.

Сепак, продолжението донесе фантастичен настап на Оклахома, која, предводена од веројатно најдобриот играч во лигата, Шеј Гилџс-Александер, приреди потоп за Тимбервулвс.

Во второто полувреме Оклахома направи неверојатна разлика од 30 поени и покажа дека се бори единствено за титулата оваа сезона.

Гилџс-Александер повторно беше импресивен со 31 поен, 9 асистенции и 5 скокови. Џејлен Вилијамс додаде 19 поени и 8 скокови, а Чет Холмгрен имаше учинок од 15 поени и 7 скокови.

За Минесота, Џулиус Рендл постигна 28 поени со 8 скокови, а двоцифрен беше само уште Ентони Едвардс со 18 поени и 9 скокови.

Remote video URL

Во финалето на Истокот се среќаваат Индијана Пејсерс и Њујорк Никс, а финалето започнува вечерва во 2 часот по полноќ.

реклама

Хороскопски знаци на кои ќе им „паѓаат пари од небо“ во 2026 година

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Ново сценарио за Гренланд е сè поверојатно: „Тоа е трајна стапица“

Read more

Кога е најдобро да пешачите за намалување на крвниот притисок?

Read more

Кошарка

Уште во јануари падна забивањето на годината: Бекот на Орландо овековечи четворица на постер

Read more

Евролигата сака да ја тужи НБА

Read more

Пирови 42 поена на Дончиќ, Лејкерс заринкаа кај слабите Кингс

Read more

Џејмс Харден го надмина Шек и влезе во топ 10 најдобри стрелци во НБА

Read more
 

Спорт

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Читај повеќе

Новиот „LinkedIn менаџер“ на Челси ги иритира навивачите

Читај повеќе

Дали Реал Мадрид ќе се извлече од кризата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларна презентација на болидот на Ред Бул

Читај повеќе

Шкендија ќе игра против Самсунспор во плејофот од Конференциската лига

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловрен: Поразот во финалето на Мундијалот 2018 можеби беше политичка одлука

Читај повеќе

Синер: Допинг скандалот и казната ме направија уште посилен

Читај повеќе
  • play_arrow

Уште во јануари падна забивањето на годината: Бекот на Орландо овековечи четворица на постер

Читај повеќе

Милан испрати понуда до Партизан за Андреј Костиќ

Читај повеќе