Ѕвездата на Минесота Тимбервулвс, Донте ДиВинченцо, нема да игра за Италија на ЕвроБаскетот поради повреда, објави 28-годишниот бек.
Италијанците со години се бореа ДиВинченцо, кој е роден во Соединетите Американски Држави, да игра за нив, а кога конечно успеаја да ја средат документацијата, се случи голем пех.
Италијанскиот селектор Џанмарко Поцеко го вклучи еден од најдобрите стрелци во светот на списокот на играчи за ЕвроБаскетот, но вчера ДиВинченцо објави дека нема да игра на ЕвроБаскетот поради повреда.
„Среќен сум што конечно станав италијански државјанин и им се заблагодарувам на федерацијата и државните институции што ми дозволија да играм за репрезентацијата. За жал, жал ми е што нема да можам да играм на ЕвроБаскетот ова лето поради повреда. Се надевам дека наскоро ќе се видиме и дека ќе играм на Светското првенство и на Олимписките игри“, рече ДиВинченцо.
ДиВинченцо, кој во НБА оваа сезона има ист процент на шут за три поени како и Стеф Кари (39,7%), нема да им помогне на „Аѕурите“ против Кипар, Босна и Херцеговина, Грузија, Шпанија и Грција во групата Ц на ЕвроБаскетот.