Познато е кога почнува и колку тимови ќе има НБА Европа

Комесарот на НБА, Адам Силвер, изјави дека очекува НБА Европа да започне од сезоната 2027/2028, објави ESPN.

„Многу сме блиску до планот што го зацртавме. Се надеваме и очекуваме таа лига во Европа да започне во сезоната 2027/2028. На вистинскиот пат сме. Конечните понуди од заинтересираните франшизи треба да ни бидат доставени кон крајот на јуни. Постои рекорден интерес и сме многу возбудени поради можноста што ја имаме и соработката со ФИБА“, рече Силвер на прес-конференција во Сан Антонио.

Американските медиуми објавија дека НБА Европа треба да има 16 клубови.

„Планираме да започнеме лига со 16 тимови. Ќе има 12 постојани франшизи и постои можност, искрено, кој било клуб од Европа да може да игра за преостанатите четири места. Тоа е структурата на лигата за која разговараме со потенцијалните франшизи. Ова се некои франшизи кои веќе играат во Европа, а има и групи кои сакаат да формираат клубови во градови каде што кошарката не е на највисоко ниво. Разговорите со Евролигата се во тек. Се надеваме дека ќе можеме да најдеме начин да ги интегрираме нашите операции со Евролигата, но ќе продолжиме во секој случај“, додаде комесарот на НБА лигата.

Силвер зборуваше и за проширувањето на НБА во Соединетите Американски Држави.

„Плановите за проширување на НБА лигата се во тек, а конечната одлука ќе биде донесена до крајот на оваа година. Мислам дека сите знаат дека сме фокусирани на франшизи во Сиетл и Лас Вегас. Постојат неколку групи што се заинтересирани за двата града. Разговорите со нив се во тек. Им кажавме на заинтересираните страни дека очекуваме нашиот Одбор на директори да донесе конечна одлука до крајот на годината“, рече Силвер.

Тагови
реклама

Грците веќе не простуваат: Дронови ги демнат плажите, казни летаат на сите страни

Read more

Голем пресврт за 4 хороскопски знаци до крајот на јули: Доаѓа она што е ваше!

Read more

Две малолетни деца и 18-годишник биле однесени од надојдената вода во реката Треска

Read more

Пред 19 години го бањаше како бебе, сега ќе играат мундијалско финале еден против друг

Read more

Кошарка

Војдан Стојановски: Имаме шанса за следниот чекор, но мора да бидеме максимално подготвени

Read more

Македонија против Кипар и Австрија во втората рунда од претквалификациите за ЕвроБаскет 2029

Read more

Јокиќ пред супермакс договор од 350 милиони долари

Read more

Јокиќ, ти ли си?

Read more

Спорт

Војдан Стојановски: Имаме шанса за следниот чекор, но мора да бидеме максимално подготвени

Читај повеќе

Реал ќе го сруши светскиот рекорд: Подготвиле понуда за Олисе

Читај повеќе

Основале клуб во тајност, на првиот меч отишле пеш, а сè започнало поради една љубов

Читај повеќе

Додека сите играат за милиони, Халанд и пријателите избраа еднаквост со дамите

Читај повеќе

Македонија против Кипар и Австрија во втората рунда од претквалификациите за ЕвроБаскет 2029

Читај повеќе

Ла Лига доминира во финалето: Неверојатни податоци пред битката за пехарот

Читај повеќе

ФФМ го одби барањето на Вардар за одложување на првиот натпревар од новата сезона

Читај повеќе

Пронајдено шишето на Пикфорд со белешки за пенали, реакцијата на Меси станува хит

Читај повеќе

Не можеше без политика: Дали ФИФА ќе ги казни Аргентинците за забранетиот транспарент?

Читај повеќе