Шек ги спореди НБА и Евролигата: Знам дека ќе добијам многу критики

Легендарниот центар Шакил О’Нил немаше никакви дилеми кога ги спореди европската и НБА кошарката, иако беше свесен дека неговата изјава ќе предизвика бројни реакции од другата страна на Атлантикот.

Тој моментално е во Литванија, каде што е ангажиран како амбасадор на компанијата NordVPN, а за време на престојот во таа земја ќе ја искористи можноста да го гледа во живо дуелот од Евролигата помеѓу Жалгирис и Олимпијакос.

О’Нил веќе беше предупреден колку е важен натпреварот во Каунас за локалните навивачи.

„Ми беше кажано дека ако сакам да ограбам нечија куќа вечерва, веројатно можам да го направам тоа бидејќи сите ќе бидат на натпреварот“, се пошегува О'Нил.

Потоа Шек откри дека веќе имал можност да ја почувствува атмосферата на еден европски натпревар, но дека сега очекува уште поспектакуларно искуство.

„Бев на натпревар во Европа и беше навистина лудо. Затоа сакам да видам колку интензивен ќе биде овој натпревар и колку неверојатна ќе биде атмосферата“, додаде прославениот Американец.

Сепак, она што привлече најголемо внимание беше неговата споредба на европската кошарка со НБА. О'Нил верува дека европските играчи пристапуваат кон натпреварите со максимален интензитет во текот на целата сезона.

„Знам дека играат 36 натпревари и знам дека европската кошарка е малку подобра од НБА. Знам дека ќе добијам многу критики за тоа, но тие момци таму играат максимално на сите 36 натпревари“, рече Шек.

Според него, ситуацијата во НБА е малку поинаква, бидејќи некои играчи го достигнуваат највисокото ниво на интензитет дури кога се приближуваат најважните делови од сезоната.

„Во НБА имаме момци кои некако се опуштаат до Олстар викендот или плејофот“, заклучи легендарниот центар.

реклама

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Read more

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Брз и вкусен ручек за по работа: Печена брокула со кашкавал и павлака

Read more

Како Ким направи елитна група хакери кои крадат милијарди?

Read more

Кошарка

Нова 40-ка на Дончиќ, исфрли и навивач од арената

Read more

Само Џордан имал подобар старт: Налетот на Дончиќ ја остава НБА без одговор

Read more

Ураганот Лука е незапирлив: Дончиќ го разнесе и Мајами

Read more

Зошто Вемби насекаде оди бос?

Read more

Спорт

Крај на една ера: Португалија го објави првиот состав без Роналдо

Читај повеќе

Хамилтон стои зад критиките кон Леклер: Никогаш нема да се извинам 

Читај повеќе

Мауро Икарди очајнички сака да се врати во Серија А: Му се нуди на Интер, би се преселил и во Јуве

Читај повеќе

Инфантино му оддаде почит на Роналдо: Постигна подвизи што можеби никогаш нема да се повторат

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој е 17-годишниот вундеркинд кој доби повик од Клоп?

Читај повеќе

Недопирливо наследство: Засега никој нема да ја носи „десетката“ на Меси

Читај повеќе

Роналдо не сака ни проштален натпревар за Португалија

Читај повеќе
  • play_arrow

Доктор ја објаснува трагедијата со смртта на Хесус де Мигел

Читај повеќе
  • play_arrow

Соборен Гинисов рекорд: 51 исклучување на еден натпревар во Бразил

Читај повеќе