ФИБА ЕВРОБАСКЕТ 2025 КИПАР/ФИНСКА/ПОЛСКА/ЛАТВИЈА

Шлаг на тортата на ЕвроБаскет: Турција и Германија вечерва играат за титулата

Четириесет и второто издание на ЕвроБаскетот дојде до самиот крај, а во вечерашното финале во Рига силите ќе ги одмерат Турција и Германија.

Со сигурност може да се каже дека долго време немавме двајца позаслужни финалисти на ЕвроБаскет, со оглед на тоа што двата тима го воодушевија светот со својата игра во текот на целиот турнир.

Двата тима досега победија на сите 8 натпревари на турнирот и, генерално кажано, покажаа привлечна кошарка.

Иако играат исклучителна одбрана, двата тима се карактеризираат со феноменален напад на ова првенство.

Германија е најефикасната екипа на турнирот, со просек од 101,4 поени по натпревар, додека Турците се трети со просек од 91,1 поен. Турција е најдобрата екипа за тројки на првенството, со 44,7 погодени шутеви за тројки, додека Германија е втора со 39%.

И двата тима имаат двајца клучни играчи околу кои се врти нивната игра. Турците се потпираат на Алперен Шенѓун (20,8 поени, 11 скокови и 7 асистенции во просек) и Охриѓанецот Џеди Осман (15,1 поен), додека Германците се потпираат на Денис Шредер (20,9 поени, 6,6 асистенции) и Франц Вагнер (21,1 поен, 5,6 скока), па ќе видиме кое дуо ќе биде подобро вечерва.

Што се однесува до „Х факторот“, тоа би можело да биде Ерџан Османи или Шејн Ларкин од едната страна, или Андреас Обст или Исак Бонга од другата, но не е исклучено некој друг да излезе од сенките и да стане неочекуван херој на финалето на ЕвроБаскетот.

Турските навивачи имаат големи надежи во фактот дека нивната репрезентација ја предводи еден од најдобрите европски тренери, Ергин Атаман, додека од друга страна, Германците не ги предводи тренерот Алекс Мумбра поради болест, туку му го предадоа тимот на неговиот помошник, Босанецот Алан Ибрахимагиќ, кој одлично ја заврши работата и го водеше тимот до медал.

Финалето на Евробаскетот ќе се игра вечерва во „Шаоми Арената“ во Рига, Латвија со почеток во 20:00 часот, по што ќе дознаеме дали Турција за прв пат ќе стане европски шампион во кошарка или Германија по втор пат во историјата. Германците беа шампиони во 1993 година и финалисти во 2005 година, додека Турците играа за злато само во 2001 година, кога беа поразени од Југославија.

Пред финалниот дуел, Грција и Финска ќе играат натпревар за третото место во 16:00 часот.

Двата натпревара ќе бидат емитувани во живо на каналите Arena Sport, финалето на Arena Premium 1, а мечот за третото место на Arena Premium 3.

реклама

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Read more

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Read more

Американска компанија стигна на Гренланд: Ќе дупчи за нафта без дозвола од локалните власти

Read more

Уапсен возач од Арачиново кој избегал по несреќата во Радишани во која загина 19-годишен мотоциклист

Read more

Кошарка

Шек ја објасни опсесијата на Леброн: Сака рекорд што никој нема да го сруши

Read more

Светот има ново чудо: Има само 18 години, а веќе е повисок од сите НБА играчи

Read more

Леброн ја избра Филаделфија 8 години откако виралните билборди го повикуваа да дојде

Read more

ТФТ, Маџари и Чаир не добија лиценца за настап во новата сезона

Read more

Спорт

Мурињо практикува строгост во Реал: Едно правило спротивно на желбите на Мбапе

Читај повеќе

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Читај повеќе

Винисиус го продолжи договорот со Реал

Читај повеќе

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Читај повеќе

Откажан натпреварот на Барса во Мароко поради мигрантската криза

Читај повеќе

Инфантино доби поддршка од Африка, Аргентина и Мексико

Читај повеќе

Манчини го комплетираше тренерскиот штаб на Италија: Бонучи е последна аквизиција

Читај повеќе

Неговиот совет мора да се послуша: Пеп го убедил Родри да го одбие Реал и да оди во Барса

Читај повеќе
  • play_arrow

Маркес: Фаворит сум за титулата, но уште една нема да ми го промени животот

Читај повеќе