НБА 2025/2026

Сите за еден, еден за сите не важи во Бруклин: Не е чудо што се најлош тим во лигата

И во текот на летото беше познато дека Бруклин Нетс нема да биде кандидат за титулата, но ваков необичен почеток не се очекуваше. Нетс моментално имаат скор од 0-6 и се на дното од Источната конференција, а се „колат“ со Њу Орлеанс за статусот на најлош тим во НБА. Сепак, поинтересна е нивната статистика за асистенции - која речиси и да не постои.

Обично, целта на тимовите е да играат што е можно покохезивно, како тим - додека во „Барклејс Сентр“ ситуацијата е повеќе како 15 индивидуалци кои гледаат единствено на себе и своите просеци. Како резултат на тоа, лидер во Бруклин по асистенции е Бен Сараф - со само 3,2 по натпревар...

Веднаш под него е Мајкл Портер Џуниор  - кошаркар кој пристигна од Денвер Нагетс во текот на летото, добро познат по недостатокот на волја да додава до играчите, но и по неговото исклучително расположение да шутира од каде стигне. 

Тоа е премал учинок за тим што се натпреварува во најдобрата лига во светот, а тоа само ја покажува фактичката состојба во тимот. Не е изненадувачки што тие се тим кој е рангиран меѓу петте најлоши по асистенции (23,8), но таа себичност не произведува ниту добри офанзивни перформанси. Тие се исто така меѓу петте најлоши по поени (112,3).

Секако, ова е многу млад тим полн со поентери, па затоа не е премногу изненадувачки што чувството за тимска игра сè уште не е развиено. Секако, недостатокот на класичен плејмејкер е исто така една од причините за овој настап - кој никако не може да придонесе за позитивен настап сезонава.

Постои голема веројатност дека ова е планот на менаџментот на Нетс за оваа сезона - да се стремат кон најдобриот можен избор на претстојниот НБА драфт, на кој има некои ветувачки млади играчи кои многу лесно би можеле да ја променат иднината на тимот.

реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Read more

Зошто денешните автомобили имаат сè помали резервоари за гориво?

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Кошарка

Јокиќ ја сподели тактиката на размислување пред натпревар

Read more

Кошаркар висок 2,36 има просек од 0,5 скока, а бара договор од 3 милиони долари

Read more

Тренерот на Минесота во неволја: Не знам како да го чуваме Јокиќ

Read more

Новото НБА правило за 65 натпревари ја подели лигата, Баркли немилосрден кон играчите

Read more
 

Спорт

Ново поскапување на трошоците за навивачите на СП 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ја сподели тактиката на размислување пред натпревар

Читај повеќе
  • play_arrow

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Читај повеќе

Алаба го напушта Реал

Читај повеќе

Верстапен разочаран: Сакам да ја напуштам Формула 1, ова со правилата...

Читај повеќе

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Читај повеќе

Меси купи клуб во Каталонија

Читај повеќе

Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од кодомаќините

Читај повеќе

Пожар ги уништи соблекувалните на Базел

Читај повеќе