НБА 2024/2025 плејоф

Тешка повреда на Лилард, се зборува и за крај на кариерата

Кошаркарот на Милвоки Бакс, Демиен Лилард (34), се повреди во првата четвртина од четвртиот плејоф дуел против Индијана Пејсерс, кога падна на подот и не можеше да стане.

Лилард го напушти теренот со помош на медицинскиот персонал на Бакс. Американските медиуми се сомневаат на повреда на Ахиловата тетива, а некои дури и го доведуваат во прашање продолжувањето на неговата кариера.

Одличниот кошаркар не играше околу еден месец откако му беше дијагностицирана длабока венска тромбоза во десната потколеница, па Лилард почна да користи лекови за разредување на крвта.

Иако првичните проценки велеа дека нема повторно да игра во текот на тековната сезона, успеа да се врати за вториот натпревар против Пејсерс.

Лилард ноќеска до повредата немаше поени, а запиша по 2 скока и асистенции. Неговиот Милвоки го претрпе третиот пораз во серијата против Индијана и е пред елиминација губејќи со 3-1 во партии. 

Лилард одигра 58 натпревари за Милвоки сезонава и имаше просек од 24,9 поени по натпревар со 7,1 асистенции и 4,7 скока.

Потсетуваме дека својата кариера ја започна во 2012 година како играч на Портланд Треилблејзерс и беше прогласен за дебитант на годината откако ја заврши својата прва сезона во НБА со просек од 19,0 поени и 6,5 асистенции.

Деветкратниот Олстар играч и МВП на минатогодишниот Олстар натпревар го освои единствениот тимски трофеј минатата година кога го освои НБА купот со Бакс.

реклама

Ново истражување го разби митот за 10.000 чекори дневно

Read more

Младата Месечина во Бик ќе донесе остварување на соништата за 3 хороскопски знаци

Read more

Германски суд пресуди: Milka ги довела потрошувачите во заблуда

Read more

Што се случува со вашиот метаболизам ако секој ден јадете пилешко и ориз?

Read more

Кошарка

Детроит загуби добиен меч, Кливленд блиску до финалето на Истокот

Read more

Вемби ги предводеше Спарс до победа над Минесота, на еден триумф се од финалето на Западот

Read more

Дали е ова крајот? Леброн можеби го одигра својот последен натпревар за Лејкерс

Read more

Немоќните Лејкерс пред метла, Оклахома повторно победи убедливо

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Синер го победи Рубљов и го сруши рекордот на Ѓоковиќ

Читај повеќе

УЕФА го казни Фенер: Пријавиле дека му плаќаат на Актурколу по 35 евра месечно

Читај повеќе

Сари: Лацио треба да го бојкотира римското дерби ако се игра напладне

Читај повеќе

Ал Хилал му нуди на Левандовски 90 милиони евра по сезона

Читај повеќе

Adidas лансира ретро дрес на Југославија

Читај повеќе
  • filter

Марота: Интер верува во еволуција, а не во револуција

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Иранците ги испратија фудбалерите на Светско: Пејте ја химната гласно и решително

Читај повеќе
  • play_arrow

Детроит загуби добиен меч, Кливленд блиску до финалето на Истокот

Читај повеќе

Бајката во Реал завршува: Кој може да си го дозволи Мбапе?

Читај повеќе