Остануваат уште три дена до првиот натпревар од четвртфиналето на плејофот во Западната конференција помеѓу Денвер Нагетс и Минесота Тимбервулвс, кој ќе се игра во сабота (21:30 часот). Тренерот на Тимбервулвс, Крис Финч, има големо почитување кон Никола Јокиќ, истакнувајќи дека е многу тежок за чување, без оглед на фактот што во своите редови го има Руди Гобер.
„Чувањето на Јокиќ е многу тешка работа. Тој го става Руди во ситуации во кои не се брани многу често. Во суштина е многу тешко да се чува таков профил на играч, единственото нешто што можеме да го направиме е да вршиме притисок врз Никола во текот на целиот натпревар. Но, дури ни тоа не гарантира успех“, рече Финч.