Мареска објасни зошто Халанд никогаш нема да биде капитен додека тој го води Сити

Халанд никогаш нема да биде капитен на Манчестер Сити додека Енцо Мареска е на клупата. Италијанскиот стручњак го изјави ова и објасни зошто донел таква одлука.

Како што објасни Мареска, причината за ова е неверојатната голгетерска форма на Халанд.

Новиот предводник на „Граѓаните“ практикува специфична тактика - тој инсистира капитенот на тимот да доаѓа на аут-линијата за нови инструкции секој пат кога тимот ќе постигне гол.

Со оглед на тоа што Халанд постигнува убедливо најмногу голови за тимот, Мареска верува дека не би било добра идеја брилијантниот норвешки напаѓач да ја пополни капитенската позиција што остана празна по заминувањето на Бернарду Силва.

„Во Лестер и Челси имав правило дека кога ќе постигнеме гол, капитенот мора да дојде на клупата за инструкции, а не да слави“, им рече Мареска на новинарите за време на предсезонската турнеја на клубот во Азија.

„Сепак, ако капитенот постигне гол, тогаш може да слави. Но, ако Ерлинг би бил капитен, јеб*га, ќе имавме проблем, можете ли да замислите?“, рече Мареска.

Италијанскиот стручњак, исто така, ја објасни тактичката важност на овие кратки консултации за време на натпреварите.

„Мислам дека дури и ако паузата е само две или три минути, секогаш има нешто што може да се прилагоди на теренот“, додаде Мареска.

Сегашната ситуација со лидерите во соблекувалната на Сити е малку неизвесна. Мареска потврди дека тимот моментално има неколку опции за лентата, но дека им недостасува еден клучен играч.

„Во моментов имаме три или четири капитени и ни недостасува еден. Тоа е Родри, кој се опоравува од операција на грбот. Во неговиот случај, со оглед на тоа што се поврзуваше со Барселона, останува да се види што ќе се случи“, заклучи тренерот на Сити.

реклама

Никој повеќе не сака вакви станови: До пред само 10 години беа хит

Read more

Исчистете ги фугите со само две состојки: Трик што ќе ви заштеди часови рибање

Read more

Крај на клупските уцени: ФИФА го менува Член 17 поради случајот со Хулиан Алварес

Read more

Доктор објасни зошто 39-годишниот Ѓоковиќ повраќа на теренот

Read more

Спорт

Мареска објасни зошто Халанд никогаш нема да биде капитен додека тој го води Сити

Read more

Башкими ја изненади Шкендија среде Тетово, однесе победа за Куманово

Read more

Торино потврди: Интер и Јуве бијат битка за дефанзивецот Бремер

Read more

Дали е ова најбруталниот старт на сезоната?

Read more

Ново

Мајк Дауни: Пораките во уметноста треба да се прошверцуваат, а не да се попуваат

Читај повеќе

Гастроентеролог споделува едноставна вечерна рутина за здрави црева

Читај повеќе

Крај на клупските уцени: ФИФА го менува Член 17 поради случајот со Хулиан Алварес

Читај повеќе

Европа годинава плати рекордна сума за руски гас

Читај повеќе

AI реши клучен проблем на Apple во новиот iPhone на преклоп

Читај повеќе

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри, најави Ѓорѓиевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Судир на титанките: Двете најдобри тенисерки во светот изборија финале на УС Опен

Читај повеќе
  • filter

„Фустанот за одмазда“ на принцезата Дијана ќе се продава на аукција

Читај повеќе
  • filter

Никој повеќе не сака вакви станови: До пред само 10 години беа хит

Читај повеќе