Дуплантис повторно го сруши светскиот рекорд

Арманд „Мондо“ Дуплантис повторно постави светскиот рекорд во скок со стап на планетарното првенство во Токио. Најголемата ѕвезда на светската атлетика прелета 6,30 метри во својот трет обид и за еден сантиметар го надмина својот личен и планетарен рекорд поставен во Будимпешта пред нешто повеќе од еден месец. Ова е 14-ти пат во неговата кариера да го подобри најдобриот резултат на планетата.

Мондо, исто така, собра дополнителни 100.000 долари, кои се доделуваат на натпреварувачот кој ќе го постави светски рекорд.

Пред светскиот рекорд, неверојатниот Швеѓанец од прва ги прелета сите височини. Го обезбеди златото со 6,15, а потоа следеше она на што сите се надеваа на преполниот Олимписки стадион во јапонската престолнина. Ова е негова четврта последователна титула светски шампион.

Во сенка на чудесниот Мондо, до среброто стигна Гркот Емануел Каралис, кој скокна точно 6 метри, додека на најниската скала на подиумот се искачи Австралиецот Куртис Маршал со 5,95 метри.

реклама

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Русија гради нуклеарен контејнерски брод за арктичкиот коридор

Read more

Кои пијалаци се најштетни за бубрезите?

Read more

Без струја денеска дел од Кисела Вода, без вода дел од Центар

Read more

Останати спортови

Олимпијката Баквиц: OnlyFans е најдоброто нешто што ми се случило

Read more

Ужас за сребрениот биатлонец: Од ски-патеката директно на операција на срце

Read more

Четврти пат по ред Норвешка освои најмногу медали на ЗОИ

Read more

Селје објави фотка откако лизгалка ѝ го исече лицето: Посилна сум отколку што мислев

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Најдобриот натпревар на Лука Дончиќ во дресот на Лејкерс

Читај повеќе

Се бара „кртот“: Кој го издаде составот на Челси осум часа пред натпреварот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Хет-трикот на Валверде е историски од повеќе причини

Читај повеќе

Модриќ ја сели Златната топка во Милано: Дали на маса има нов договор?

Читај повеќе

Тудор објасни зошто го замени голманот во 17-та минута

Читај повеќе

ЛШ продолжува вечерва, апсолутното дерби на осминафиналето е пред нас

Читај повеќе

Инфантино: Трамп ми рече дека Иран е добредојден на Мундијалот

Читај повеќе
  • play_arrow

Срамен потег на Тудор: Му ја уништи кариерата на Кински?

Читај повеќе

Лапорта: Реал Мадрид 72 години ги контролира судиите 

Читај повеќе