Феноменалниот Домен Превц ја освои новогодишната турнеја Четири скокалници

Словенечкиот ски-скокач Домен Превц е победник на 74. издание на новогодишната турнеја Четири скокалници.

Словенецот беше втор на последното натпреварување во Бишофсхофен и на доминантен начин, со две победи на турнејата, стигна до трофејот.

На второто место во пласманот на турнејата се пласираше Австриецот Јан Херл, додека третото место му припадна на друг Австриец, Штефан Ембахер.

Домен Превц собра вкупно 1.195,6 поени во четирите натпреварувања, надминувајќи го второпласираниот Херл за 42,3 поени. Третото место го освои 19-годишниот Ембахер, кој заостануваше 45 поени зад победникот.

Домен со тоа го повтори успехот на својот постар брат Петер, кој беше вкупен победник на Четирите скокалници и го освои Златниот орел пред точно десет години.

Инаку, Домен е третиот Словенец по Примож Петерка (1996/1997) и Петер Превц (2015/2016) кој ја освоил новогодишната турнеја Четири скокалници.

Што се однесува до денешното натпреварување, Австриецот Даниел Чофениг славеше со скокови од 137 и 140,5 метри и вкупно 303,9 поени. Превц беше втор (138, 138,5 м) и 299,8 поени, додека третопласираниот Јапонец Јоју Кобајаши (137, 138 м) освои 299,6 поени.

Турнејата ја одбележа и дисквалификацијата на сонародникот на Превц, Тими Зајц, кој на првата скокалница во Оберсдорф беше на делба на второто место, но беше дисквалификуван оти оделото му беше за 3 милиметри пократко од дозволенето. Истото му се случи и на наредната скокалница во Гармиш-Партенкирхен, каде при мерењето беше констатирано дека неговото одело е за 4 милиметри пократко. Согласно правилата, за две дисквалификации доби црвен картон и исклучување од турнејата.

Во генералниот пласман, Превц има 1.210 поени, додека второпласиран е Кобајаши со 822 поена.

реклама

10 август е краен рок: Дали ги заштитивте вашите фотографии на Google Photos?

Read more

Британскиот премиер доби интересен предлог: Европска конфедерација што би ја вклучила и Македонија

Read more

Венера затвора тешко поглавје за 3 хороскопски знаци на 10 август

Read more

Ќе почне ли распаѓањето на Канада? Сепаратистите во Алберта во октомври ќе одржат референдум

Read more

Останати спортови

Маркес: Фаворит сум за титулата, но уште една нема да ми го промени животот

Read more

Планетата го доби најбрзиот белец во историјата

Read more

Погачар по петти пат победи на Тур де Франс и влезе во историјата

Read more

Лут возач нападнал велосипедист на Тур де Франс

Read more

Спорт

Барса ја одби првата понуда на ПСЖ за Феран Торес вредна 50 милиони евра

Читај повеќе

Камбек на една од најголемите икони на англискиот фудбал

Читај повеќе
  • play_arrow

Ерлинг Халанд на јахта стана туристичка атракција

Читај повеќе

Голема фрустрираност во Милан: Мeњан и Рабјо си го продолжиле одморот пред почетокот на Серија А

Читај повеќе

Здружена офанзива против Инфантино и ФИФА: Чиј е фудбалот?

Читај повеќе

Џеф Безос купува голем дел од Ливерпул

Читај повеќе

Вардар се раздели со аргентинскиот тренер

Читај повеќе

Премиер лигата е бисер за економијата: Носи 33 милијарди фунти и 107.000 работни места

Читај повеќе

Шокантна одлука: Пеп решил да се пензионира!?

Читај повеќе