Сиетл Сихокс ги победија Њу Ингланд Петриотс со 29:13 во финалето на Супербоулот во Санта Клара, освојувајќи ја титулата во професионалната американска фудбалска лига (НФЛ).
Натпреварот се одигра во ноќта во понеделникот пред околу 70.800 гледачи, кои мораа да издвојат голема сума за билетите.
Она што ги шокираше сите беа неверојатно високите цени на билетите, кои се движеа од 3.600 долари за оддалечени седишта близу до врвот на трибините до повеќе од 30.000 долари за премиум и ВИП позиции.
Некои платија десетици илјади долари повеќе, дури и над 100.000 долари, за луксузно искуство од натпреварот, но ваквите билети не се сметаат за стандардни билети. Просечната цена на билетот, според ESPN, била 7.500 долари.
Yahoo Sports објави видео од секторот 207 на трибините на стадионот „Леви'с“, каде билет чинел 3.400 долари. Во описот е наведено дека бил потребен двоглед за да се види теренот, што може да се види и на видеото.
You'll need binoculars for Section 207 at Levi's Stadium 🏟️ pic.twitter.com/rvkQxo4DvZ
— Yahoo Sports (@YahooSports) February 9, 2026