ИОК ја укина суспензијата на Русија, објаснувањето ги шокираше Украинците

Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ја укина суспензијата на Oлимпискиот комитет на Русија (ОКР).

Одлуката за суспендирање на рускиот и белорускиот олимписки комитет стапи на сила од 12 октомври 2023 година, поради агресијата врз Украина, а спортистите од Русија и Белорусија мораа да се натпреваруваат како неутрални натпреварувачи и да не ја поддржуваат војната за да можат да се натпреваруваат во поединечни дисциплини на Олимписките игри во Париз 2024 и Зимските олимписки игри во февруари годинава во Милано и Кортина.

Правната комисија на ИОК ја укина суспензијата на Белорусите во мај, а од вчера ја донесе истата одлука и за Русите.

Иако одлуката се наведува како привремена, меѓу редовите е јасно дека ова е трајно решение, а Украинците се шокирани од објаснувањето на одлуката на ИОК.

Иако Русите беа суспендирани поради почетокот на агресијата врз Украина, одлуката на Правната комисија на ИОК не споменува ништо за ова, туку наведува дека Русија е помилувана затоа што „Oлимпискиот комитет на Русија повеќе нема меѓу своите членови никаква регионална спортска организација од териториите под јурисдикција на Националниот олимписки комитет на Украина“.

ИОК повторно ќе ги суспендира Русите само ако ОКР повторно вклучи член од територијата на Националниот олимписки комитет на Украина.

Сите руски спортисти што се враќаат на меѓународни натпревари ќе мора да ги почитуваат сите важечки антидопинг правила.

Подоцна ќе биде донесена одлука дали ќе се истакнува руското знаме и другите национални симболи и дали ќе се свири химната на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

ИОК, исто така, остави некои помалку важни ограничувања за Русите. Во одлуката се наведува дека ИОК нема да ги организира своите натпревари во Русија, ниту ќе поканува претставници на руската влада или државни службеници на своите настани.

реклама

Спа центар на извори стари 80.000 години, ноќевање само 400 денари

Read more

Голем финансиски хороскоп за ЈУЛИ 2026 година

Read more

Клубот му забрани на Белгиецот Дебаст денеска да игра против Шпанија

Read more

Венера влезе во Девица на 9 јули: Што значи тоа за вашиот хороскопски знак?

Read more

Останати спортови

ИОК ја укина суспензијата на Русија, објаснувањето ги шокираше Украинците

Read more

Македонското знаме високо на велосипедската сцена - Дуња Иванова 33-та во светот

Read more

Бањаја од следната сезона ќе вози за Априлија

Read more

Марк Маркес продолжува со Дукати

Read more

Спорт

Проблем за Англичаните: Деклан Рајс во изолација, заразен со вирус

Читај повеќе

Клубот му забрани на Белгиецот Дебаст денеска да игра против Шпанија

Читај повеќе

Барса зема заем од 210 милиони евра за да купи нови играчи

Читај повеќе
  • play_arrow

Мбапе промаши пенал и „откачи“ на судијата. Халанд го поддржа

Читај повеќе

Ериксен се враќа во фудбалот, експертите го предупредуваат 

Читај повеќе

ФИФА со специјални VAR мерки за натпреварот Франција-Мароко

Читај повеќе

VAR ќе проверува корнери и втори жолти картони во Серија А

Читај повеќе

Мбапе може да биде екстрадиран во Парагвај за клевета 

Читај повеќе

На кои судии може да им биде забрането да судат на финалето на СП од политички причини?

Читај повеќе