ИОК категоричен: Русите на ЗОИ без знаме дури и да склучат мир со Украина

Руските спортисти нема да можат да се натпреваруваат под знамето на својата земја на Зимските олимписки игри во Милано-Кортина, дури и ако се постигне мировен договор со Украина.

Ова го изјави претседателката на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Кирсти Ковентри, во интервју за италијанскиот Corriere della Sera.

„Во оваа фаза, ништо нема да ја промени одлуката на Комитетот, според која им дозволуваме на руските спортисти да учествуваат во февруари само како поединци кои се претставуваат себеси“, рече Ковентри.

Потсетуваме дека ИОК им забрани на Русија и Белорусија да учествуваат по целосната инвазија на Украина во февруари 2022 година. Во септември беше одлучено дека сите руски и белоруски спортисти кои се натпреваруваат во Милано-Кортина мора да го сторат тоа без националното знаме и химна, како неутрални натпреварувачи.

Ковентри, исто така, истакна дека одржувањето на Олимписките игри во повеќе градови, што го практикува Италија, би можело да стане „нова нормалност“ и дека Игрите во Милано-Кортина би дале важни насоки за идните организации.

Зимските олимписки игри во Милано-Кортина ќе се одржат од 6 до 22 февруари 2026 година.

реклама

Зошто стјуардесите бараат да ги кренете ролетните на прозорците пред полетување?

Read more

Шпанија постави услов за проширување на ЕУ: Без каталонски, баскиски и галисиски, нема нови членки

Read more

Едноставни трикови за утврдување дали маслиновото масло е вистинско

Read more

Малдивите се демоде, таен остров е новиот рај за милионери

Read more

Останати спортови

Авиони прелетаа 15 метри над стадион среде натпревар

Read more

Волшебна ноќ во Цирих: Паднаа два светски рекорди

Read more

Пред својот дом убиен боксерот Тете, носителот на најбрза победа со нокаут

Read more

Ислам Махачев извика среде Америка: Ние Русите сме број еден!

Read more

Спорт

Од пет прволигашки дуели викендов дури три ќе се играат на ист стадион

Читај повеќе

Историски преоден рок за Јувентус без продадени играчи

Читај повеќе

Инфантино му врати на Чеферин, упати тешки обвинувања

Читај повеќе

Револуција во Формула 1: Одлука што менува сè од корен

Читај повеќе

Феран Торес ѝ врати на Барса: ПСЖ е чекор напред во мојата кариера

Читај повеќе

Познато е кој ќе ја наследи 10-ката на Меси

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за невозможното гостување: 9 часа пат за 90 минути фудбал на крајот на светот

Читај повеќе

Обамејанг заврши со Габон: Ме понижија и ми го уништија угледот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доделени Калчо наградите 2026: Димарко, Фабрегас и Нико Пас меѓу победниците

Читај повеќе