Реалност или лудост: Џејк Пол планира да го нокаутира Џошуа пред седмата рунда

Поранешниот јутјубер, а сега боксер, Џејк Пол, на 19 декември ќе ја има најголемата борба во својата кариера. Наспроти него во рингот ќе застане поранешниот светски првак во тешка категорија, Британецот Ентони Џошуа.

И покрај тоа што разликата во висина и тежина е очигледна, Пол смета дека ќе ја заврши борбата од дистанца.

„Не мислам дека може да ме нокаутира, затоа што нема да може правилно да ги распореди ударите за да зададе силен удар“, изјави Пол во емисијата The Pat McAfee Show и продолжи:

„Мислам дека ќе биде многу тешка борба неколку рунди, но кога ќе го сфатам неговото темпо, стил, брзина и движење, ќе се измори обидувајќи се да ме следи, а тогаш јас ќе го подготвам ударот. Не сакам да кажам точно што, но знам што е тоа и мислам дека сè ќе заврши во петтата или шестата рунда.“

Да потсетиме, во своите 13 професионални борби, Пол има седум победи со нокаут против поранешни ММА ѕвезди како Тајрон Вудли и Бен Аскрен.

Од друга страна, Џошуа има 28 победи и само четири порази, од кои 25 се со нокаут, па сосема разбирливо влегува во мечот како голем фаворит.

Тагови
реклама

Останати спортови

Седум земји во трката за домаќин на Олимписките игри 2036 

Read more

НХЛ останува без една од најголемите ѕвезди: Легендарниот Овечкин објави крај

Read more

Кениецот Дерик Чеге Њороге победник на 22. Виз Ер Скопски маратон

Read more

Почнува спектаклот на мраз: Кој ќе го крене Стенли купот?

Read more

Спорт

  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Читај повеќе

Се решава најголемиот правен преседан во фудбалот: Кој е шампион на Африка?

Читај повеќе

Џака осуден поради лажен ковид-сертификат, но нема да оди в затвор

Читај повеќе