ЗИМСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ 2026 МИЛАНО-КОРТИНА

Селје објави фотка откако лизгалка ѝ го исече лицето: Посилна сум отколку што мислев

Шокантни сцени го одбележаа натпреварувањето во брзо лизгање на Зимските олимписки игри, кога полската репрезентативка Камила Селје (25) беше силно удрена во лицето со лизгалка. По драматичните моменти на мразот, Селје сега проговори од болницата и рече дека, и покрај сè, е добро.

За време на трката од 1.500 метри, неколку натпреварувачки паднаа, а Селје остана да лежи на оградата додека крвта се собираше на мразот.

Медицинските екипи веднаш реагираа, трката беше прекината, а Полјачката беше згрижена зад голем бел параван пред да биде префрлена во болница. Според британските медиуми, таа веднаш беше оперирана.

Несреќата се случи во шестото четвртфинале. Во дуелот со Италијанката Ариана Фонтана, Селје ја изгуби рамнотежата и падна, а во тој момент Американката Кристен Сантос-Грисволд со лизгалка ја удри во лицето. Крварењето беше обилно, а сцената ги шокираше и публиката и натпреварувачките.

Кога беше изнесена од мразот, Селје покажа палец нагоре кон публиката, која ја поздрави со громогласен аплауз. Сантос-Грисволд подоцна беше казнета за неовластено менување на лентата во претходната ситуација.

Според полските медиуми, Селје прво била зашиена во салата, а потоа однесена во болница, каде што компјутерската томографија покажала мала фрактура. Лекарите одлучиле повторно да ја отворат раната за да ја поправат оштетената коска и да ја исчистат повредата.

Од болничкиот кревет Селје објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледа само неповредената страна од нејзиното лице, со пораката:

„Знам дека еден ден ќе ја погледнам оваа фотографија и ќе се сетам дека сум посилна отколку што некогаш мислев. Ви благодарам за сите зборови на поддршка, само сакав да знаете дека сум сосема добро.“

Шефот на полската олимписка мисија, Конрад Ниџвјецки, за Eurosport изјави дека операцијата била успешна.

„Камила беше подложена на операција за поправка на оштетената коска. Таа се разбуди утрово со силен оток и не спиеше многу, но окото ги помина првите тестови, што беше најважно за нас“, рече Ниџвјецки.

Иако сцената на мразот беше застрашувачка, првите информации од болницата носат олеснување. Полската лизгачка покажа неверојатна сила и оптимизам во еден од најтешките моменти од нејзината кариера.

Тагови
реклама

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Иран: Две или три клучни прашања спречија договор

Read more

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Останати спортови

Инцидент на турнир во пикадо: Светскиот шампион го исмеваше противникот

Read more

Тајгер Вудс привремено се пензионира

Read more

Трансродовите спортисти добија забрана за учество на Олимписките игри

Read more

Шифрин го освои Големиот кристален глобус

Read more
 

Спорт

За прв пат во историјата жена стана тренер на тим од Големата петорка

Читај повеќе
  • play_arrow

Сите голови од 24. коло во втората лига

Читај повеќе
  • play_arrow

Артета разочаран по шокантниот пораз од Борнмут: Болен удар

Читај повеќе

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Читај повеќе
  • play_arrow

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Читај повеќе

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Читај повеќе

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Читај повеќе

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Читај повеќе

Барселона пред испаѓање, Јамал верува во чудо 

Читај повеќе