Ватерполо репрезентацијата на Шпанија ја освои титулата на Светското првенство во Сингапур. Шпанците во финалето ја победија Унгарија со 15:13 (5:5, 2:1, 2:4, 6:2) и ги обединија европската и светската титула. „Црвената фурија“ четврти пат во историјата стана светски првак, на вечната листа се изедначи со Унгарија и Италија.
Шпанците од стратот ја презедоа контролата водејќи со 2:0 и 3:1. Од тој момент Унгарците фатија приклучок и успеаја да изборат израмнување (5:5) по првиот период. Во вториот голманите беа расположени, беа постигнати вкупно три гола. Шпанците на полувремето имаа гол предност (7:6).
Во третиот период Унгарците успеаја да го наметнат својот стил, со серија од три гола го презедоа водството, а потоа стекнаа и предност од два гола. Во решевачкиот период Унгарија влезе со гол предност (10:9).
Четвртиот период донесе рапсодија на Шпанците, постигнаа четири голови, ја вратија предноста на своја страна, а кога со голот од 10 метри на Лара дојдоа до 14:11 беше јасно дека ќе ја освојат титулата.
🏆 SPAIN ARE WORLD CHAMPIONS AGAIN! 🇪🇸
— World Aquatics (@WorldAquatics) July 24, 2025
Spain reigns supreme in Men’s#WaterPolo, clinching their 4th World Championship title after triumphs in 1998, 2001, and 2022 #AQUASingapore25 pic.twitter.com/xYipsB4bXD
Голманот Агире забележа 11 одбрани, а во нападот блескаа Снахуја и Гранадос со по 5 голови.
Бронзата на Светското првенство ја освои Грција, а од четвртото до осмото место се пласираа: Србија, Хрватска, Црна Гора, Италија и САД.