Една од најатрактивните борачки во УФЦ, Пејџ ВанЗант (31), неодамна одлучи да направи нов голем пресврт во својот живот и отвори профил на OnlyFans, социјална платформа за возрасни.
Таму, ВанЗант им нуди ексклузивна содржина на своите претплатници, а во својата последна изјава откри дека заработила огромна сума пари во првите 24 часа од отворањето на својот профил - повеќе отколку во текот на целата нејзина боречка кариера.
„На OnlyFans можам да бидам 100% своја – опасна, заводлива и неодолива. Би рекла дека заработив повеќе за само 24 часа на OnlyFans отколку во целата моја боречка кариера заедно. OnlyFans дефинитивно ми е најголем извор на приход. Бев нервозна поради стигмата, но сега… тешко е да се откажам“, рече ВанЗант.
Покрај тоа што се бори во УФЦ, ВанЗант е позната на јавноста од подиумот за танцување на шоуто „Танцување со ѕвездите“, а учествувала и во боксерски борби со голи раце, односно без ракавици.
Родена е на 26 март 1994 година во Орегон, а со танцување се занимавала уште од мала бидејќи нејзините родители поседувале танцово студио.
Во средно училиште станала жртва на малтретирање и сексуален напад, а група девојки постојано ја злоставувале, исмејувајќи го нејзиното презиме Слетен (Sletten) и претворајќи го во навредлив прекар Слатон (Slutton).
Затоа дури и одлучила да го промени презимето во ВанЗант. Кратко работеше како стриптизета, а потоа се посвети на боречка кариера така што се приклучи на теретаната на ветеранот од УФЦ, Кен Шамрок, заменувајќи го подиумот за танцување со октагонот.
Брзо стана една од најпопуларните борци во УФЦ поради нејзиниот атрактивен изглед, а во 13 борби забележа 8 победи и 5 порази. Својот последен УФЦ меч го имаше пред пет години, по што се посвети на бокс со голи раце, а сега и на креирање содржина за своите фанови на OnlyFans.