ЕХФ ЕУРО 2026 ДАНСКА/НОРВЕШКА/ШВЕДСКА

Луд трик на ЕУРО: Португалец на iPad го прислушкуваше тајм-аутот на Норвежаните

На вчерашниот нерешен натпревар од Европското првенство помеѓу Португалија и Норвешка се случи необичен потег со кој Португалците се обидоа да добијат предност.

Имено, при нерешен резултат 35:35, само 37 секунди пред крајот, португалскиот играч Мигел Невеш беше снимен како држи iPad на увото за време на тајм-аутот за да го прислушкува разговорот на норвешката клупа.

Португалецот им призна на новинарите по натпреварот што правел, а неговата предност беше тоа што го разбирал норвешкиот јазик.

„Играв во Норвешка три години, а мојата девојка е Норвежанка, па го зборувам и го разбирам јазикот. Се обидов да добијам мала предност и да дознаам што ќе прават. На тој начин можев да ја подготвам нашата одбрана“, објасни Невеш.

Сепак, Португалија на крајот не успеа да ги искористи информациите што ги доби, бидејќи Мартим Кошта промаши во последниот напад, како и Норвежанецот Симен Лисе на другата страна, што резултираше со нерешено 35:35.

Невообичаената ситуација беше забележана и во норвешкиот табор. Тобиас Грендал призна по мечот дека го видел Невеш за време на некои тајм-аути како стои со iPad и „го притиска увото на него“ веднаш до клупата, па се обидел да го помести микрофонот за да го ограничи она што може да се слушне.

„Го видов по неколку тајм-аути како стои со iPad, практично притиснат на увото. Имаме толку многу имиња и кодови за работи што не мислам дека е премногу опасно, но секако - можете да научите некои едноставни работи“, рече Грендал.

Ракометниот експерт Клаус Мелер Јакобсен од данската TV 2 Sport смета дека потегот на Португалија ја преминал границата на неспортско однесување и додаде дека нема да биде изненаден ако ЕХФ покрене постапка. Според него, фактот што Португалија не добила веднаш корист не ја намалува сериозноста на постапката, но ЕХФ само соопшти дека овој потег не го сметаат за фер-плеј.

Норвежаните исто така побараа објаснување од Европската ракометна федерација, а одговорот беше следниов:

„Во принцип, употребата на дигитална технологија (т.е. таблети) во просторот за замена е опфатена со прописите (член 23.8). Сепак, од страна на ЕХФ постои целосно неразбирање дека ваквите уреди, кои се наменети за поддршка на благосостојбата на играчите и се користат за тактички и тренерски цели, се користат на овој начин, и ние не сметаме дека тоа е во согласност со фер-плејот, ниту во интерес на играта“, напиша медиумскиот менаџер на ЕХФ, Томас Шенајх, во СМС-порака до TV 2 Sport.

Со нерешениот резултат и двете репрезентации се отпишаа од шансите за полуфиналето бидејќи на коло до крајот имаат недостижна негатива од Данска и Германија, кои со по 6 бодови се на првите две места.

Тагови
реклама

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Read more

Запленети 43 тони кокаин: Секна рутата од Латинска Америка кон Европа

Read more

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Volkswagen ги послуша критиките на возачите

Read more

Ракомет

Македонските претставници ги дознаа противниците во ЕХФ Европскиот куп

Read more

Скопје избран за домаќин на Медитеранските ракометни игри 2027

Read more

Македонија, Србија и Словенија официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕУРО 2034

Read more

Пролет остана без генерален спонзор и се повлече од Супер лигата

Read more

Спорт

  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Читај повеќе

Се решава најголемиот правен преседан во фудбалот: Кој е шампион на Африка?

Читај повеќе

Џака осуден поради лажен ковид-сертификат, но нема да оди в затвор

Читај повеќе