Пролет се раздели со тренерот Матлиески

Суперлигашот Пролет објави дека Никола Матлиески повеќе не е шеф на стручниот штаб на клуб од истоименото скопско маало.

Фото: РК Пролет

Матлиески пристигна во клубот на почетокот од 2025 година, во исклучително тежок момент по трагичната смрт на Александар Јовиќ.

„Максимално одговорно и професионално ја извршуваше тренерската улога. За жал, резултатите во досегашниот дел од сезоната не се посакуваното ниво, а по последниот пораз од Прилеп на домашен терен беше донесена одлука за промена на тренерската позиција“, соопшти клубот.

Пролет добро ја почна сезоната, остварувајќи 4 победи и реми во првите 10 кола, во кои очекувано загуби од Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Вардар и Еурофарм Пелистер 2, но и од Прилеп. Потоа следуваше серија порази и само една победа над последнопласираниот Радовиш.

Од Пролет известија дека Игор Илиевски, кој е дел од тренерскиот тим во младинската школа на клубот, ќе биде привремено решение до крајот на годината.

„РК Тинекс Пролет му се заблагодарува на Никола Матлиески за сѐ што стори за овој клуб.“

Пролет моментално е на 9-тото место со 11 бодови, четири помалку од последното место кои води во плејофот.

Тагови
реклама

Од бизнисмен до командант: Милијардер ја формира најефикасната единица во Украина

Read more

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Што се случува со вашиот крвен притисок кога пиете кафе секој ден?

Read more

Ракомет

Стартува 17-тото ракометно ЕУРО, Македонија утре го игра првиот натпревар

Read more

ЕХФ ги исфрли Николов и Начевски од ЕУРО, манипулирале со фитнес тестовите

Read more

РФМ и Лазаров ја продолжија соработката до 2029 година

Read more

Пролет се раздели со тренерот Матлиески

Read more
 

Спорт

Мароко и Сенегал вечерва го играат финалето на Африканскиот куп на нации

Читај повеќе

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Читај повеќе

Новиот „LinkedIn менаџер“ на Челси ги иритира навивачите

Читај повеќе

Дали Реал Мадрид ќе се извлече од кризата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларна презентација на болидот на Ред Бул

Читај повеќе

Шкендија ќе игра против Самсунспор во плејофот од Конференциската лига

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловрен: Поразот во финалето на Мундијалот 2018 можеби беше политичка одлука

Читај повеќе

Синер: Допинг скандалот и казната ме направија уште посилен

Читај повеќе
  • play_arrow

Уште во јануари падна забивањето на годината: Бекот на Орландо овековечи четворица на постер

Читај повеќе