ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП 2024/2025

Жрепката се насмевна: Алкалоид прво ќе гостува, пехарот во ЕХФ купот ќе се додели во Скопје

Финалниот двомеч ќе стартува во Атина, а реваншот ќе се игра во Скоппје. Вака одлучи денешната жрепка организирана од Европската ракометна федерација (ЕХФ).

„Двомеч финалето од ЕХФ Европскиот куп за мажи 2024/2025 ќе започне во Грција, кога атински АЕК ќе биде домаќин на Алкалоид во викендот на 17/18 мај. Решавачкиот реванш натпревар се игра во Северна Македонија следната недела, на 24/25 мај. Тоа е исходот од жрепката за одредување на домашниот терен на соодветните натпревари, која ја спроведе главниот спортски директор на ЕХФ, Маркус Глазер, во Европската ракометна куќа во Виена во вторник“, соопшти ЕХФ.

Она што е сигурно е дека трофејот од Европскиот куп на ЕХФ сезонава ќе оди во Југоисточна Европа, бидејќи клубовите од две соседни земји се натпреваруваат еден против друг во најзначајниот настан на натпреварувањето.

РК АЕК Атина се стреми кон својата втора европска титула, четири години откако го освои првиот трофеј во ЕХФ Европскиот куп во 2021 година. Тој триумф дојде три години откако грчкиот тим го доживеа своето прво искуство во клупското финале на ЕХФ, кога заврши како второпласиран во Челинџ купот.

Од друга страна, играњето европско финале значи влегување во непознати води за Алкалоид. Македонскиот тим го имаше своето европско деби минатата сезона - во групната фаза на ЕХФ Европската лига. Значи, сезоната 2024/2025 веќе стана најдобрата меѓународна кампања на клубот од Скопје.

Точниот датум на играње и времето на почеток на секој натпревар од финалето ќе бидат накнадно објавени од страна на ЕХФ.

Remote video URL
реклама

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Во последните 72 часа Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на војната

Read more

Зошто никогаш не треба да ги оставате тестенините во цедалката?

Read more

24 мај 1964, најголемата фудбалска катастрофа

Read more

Ракомет

Лазаров: Не сакам играчите да бидат под притисок, нека уживаат во натпреварот

Read more

Македонија ги дозна ривалите на ЕП

Read more

Познати се сите учесници на Европското првенство во ракомет 2026

Read more

Македонија одржа час по ракомет во Естонија

Read more
 

Спорт

Гром удри во авион со тенисери, Зверев со детали за драмата на небото

Читај повеќе

Конте: Неверојатно е тешко да се победува со Наполи

Читај повеќе
  • play_arrow

Се наѕира првиот финалист: Њујорк повторно шокиран на домашен терен

Читај повеќе

Лазаров: Не сакам играчите да бидат под притисок, нека уживаат во натпреварот

Читај повеќе

Проштална порака на Анчелоти: Магичните ноќи на Бернабеу веќе се дел од фудбалската историја

Читај повеќе

Во Јунајтед сите се на продажба, освен еден играч

Читај повеќе

МВР побара, ФФМ прифати: Баражот за прва лига преместен од Чаир

Читај повеќе

Евролигата наредната сезона со 20 екипи

Читај повеќе

Спортот никогаш повеќе нема да биде ист? Стартува Олимпијада за допингувани

Читај повеќе