Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка беа елиминирани на самиот почеток од натпреварувањето во мешани двојки на последниот Грен слем турнир во сезоната, УС Опен.
Ѓоковиќ и Сабаленка играа во мешани двојки и не се прославија, бидејќи веднаш го завршија настапот во осминафиналето.
Во оваа фаза од натпреварувањето беа поразени од Хенри Патен од Велика Британија и Чехинката Катерина Сињакова со резултат од 2:1 во сетови.
Ѓоковиќ и Сабаленка го добија првиот сет со резултат од 4:1, потоа добро започнаа во вториот сет откако поведоа со 2:1, но го загубија тој сет со резултат од 4:2.
Супер тај-брејк следеше во третиот сет, во кој Чехинката и Британецот славеа со убедливи 10:2.
Инаку, Ѓоковиќ и Сабаленка беа први носители во мешаните двојки, додека нивните противници беа квалификанти.