Ѓоковиќ: Секогаш сум ѝ бил на располагање на Србија

Новак Ѓоковиќ (38) беше елиминиран во полуфиналето на УС Опен од Карлос Алкараз (22). Со оглед на тоа што освојувачот на рекордни 24 Грен слем титули се соочува со сè поголеми потешкотии да издржи натпревари против новите тениски владетели  - Алкараз, а исто така и значително помладиот Јаник Синер (24) - по поразот во Њујорк беше прашан дали размислува за пензионирање.

„Бев поблиску до пензионирање на Вимблдон отколку што сум сега. Веќе реков дека имам повеќе шанси во два сета - секој што ја следи мојата кариера и нашите соперништва знае дека тие се најдобри во светот. Тие се подобри во различни аспекти на играта, има голема разлика во физичката подготвеност. Така е кон крајот на Гренд слем турнирот.

Двапати играв против Синер, сега еве го Алкараз. Го победив Алкараз во четвртфиналето на Австралија Опен, но ме чинеше. Натпреварите се интензивни, принуден сум постојано да бидам на границата на мојата издржливост, а тоа е потребно за да ги победам. Тие се доминантни, подготвени, играат комплетен тенис. Направија разлика во нивото.

Можам да бидам задоволен од резултатите на Грен слем турнирите. Не сум целосно, секогаш очекувам барем една титула од себе. Со оглед на мојата физичка состојба и момците од другата страна, кои се 15 или повеќе години помлади од мене, мислам дека можам да бидам задоволен. Ги победив сите други тенисери, сакам да продолжам да играм. Каков ќе биде мојот распоред - не знам.

Не сакам да заземам цврст став, едноставно сум уморен од планирање, од одење ваму-таму. Сакам да го почувствувам моето тело и волја, а потоа да видам каде ќе играм. Реков дека ќе играм во Атина, но сè е под знак прашалник оваа година. На почетокот на следната година, тоа е Австралија - што чувствувам дека сакам, а останатото ќе го видиме.“

Потоа Ѓоковиќ беше прашан дали би играл за Србија уште еднаш. Ова е особено важно за него бидејќи го освои Дејвис купот и олимпиското злато за својата земја:

„Би сакал повторно да играм за Србија. Знаете дека секогаш сум ѝ бил на располагање. Задоволство и привилегија е да ја делам соблекувалната со играчи кои се мои пријатели.

Се надевам дека ќе ја поминеме Турција, дека ќе бидеме таму каде што ни е местото. Се радувам што ќе играм дома. Освен Грција и Пионир, не сум играл дома седум години, ми недостига тоа. Би сакал да имам барем уште една можност да го носам дресот на Србија пред нашите навивачи.“

 

реклама

Колку овошје и зеленчук треба да јадеме дневно?

Read more

Со која состојка најлесно се чистат жолти дамки и маснотии од PVC прозорци?

Read more

Јужниот јазол денеска влегува во Лав: Голема животна промена за три хороскопски знаци

Read more

Која професија има најголем ризик од зрачење и канцер?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ откри кога ќе ја заврши кариерата

Read more

Ѓоковиќ откри одлични вести за состојбата на своето тело пред Мастерсот во Синсинати

Read more

Родителите на Синер одбиле да седат во Кралската ложа на Вимблдон

Read more

Даниел Јовановски: Можно е да играм за Македонија

Read more

Спорт

Ел Декано - клубот што одби да исчезне од фудбалската мапа

Читај повеќе

107 години од најголемо табу во фудбалот: Приказна за најлудиот трансфер на Олд Фирм

Читај повеќе

Виера го презеде Сенегал

Читај повеќе

Модриќ: Додека играв за Хрватска на Светско, мислев на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Дотраена дупка со шарм: Норвешки новинар го стави Максимир на столбот на срамот

Читај повеќе

Брутален напад на меч во САД: Го собори противникот, го шутираше, па му мавна 5 бокса

Читај повеќе

Родри слета во Барселона и ги одушеви навивачите: Ќе освоиме сè!

Читај повеќе
  • play_arrow

Пеп им се отворил на играчите на Сити: Се разведувам од најубавата жена на планетата

Читај повеќе

ФИФА отпушти директор откако го критикувал Инфантино

Читај повеќе