Ѓоковиќ за односите во регионот: Зошто мора да се бориме едни против други?

Новак Ѓоковиќ, гостувајќи кај Славен Билиќ во емисијата (Ne)uspjeh prvaka на Arenasport, отворено зборуваше за состојбата на односите меѓу земјите од регионот.

Тој рече дека е штета што луѓето на Балканот се борат едни против други, иако веќе се соочуваме со тешки битки и трауми од минатото.

„Една работа морам да кажам, која е негативна... Веројатно за сите нас овде во регионот и која ни создава огромен проблем. А не мислам дека е толку тешко да се смени. Зошто сме разединети до моментот кога чашата е полна? Кога гори, тогаш сме тука? Но зошто само кога гори? Зошто да не бидеме поконструктивни едни со други?!“, рече Ѓоковиќ.

Тој истакна дека ја разбира болката и лузните од војната, но нагласи дека спортот може и треба да биде двигател на помирување и нормализација на животот.

„Човече, па не треба во својата куќа да се тепаме ако веќе имаме битки низ светот што ги водиме. Таму да се докажуваме, а овде да бидеме заедно. Да не навлегувам во тие болни теми, војни и сè, лузни... Сето тоа го разбирам, секоја страна има своја приказна и свои загуби и тоа е тешко, но спортот е дел од општеството што треба да праќа порака за нормализација. Не може тоа да се заборави. Не можеш да заборавиш. И некои луѓе не можат да ги надминат тие работи. Јас го разбирам и го почитувам тоа“, рече Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ понатаму рече дека барем во соседските односи – во трговијата, секојдневниот живот и меѓусебната помош, можеме да функционираме покултурно. Потсети дека Србија и Хрватска, како и Босна и Херцеговина и Македонија, се први соседи и дека нивната меѓусебна разединетост остава непријатно чувство.

„Треба да се обидеме барем со најосновното, тоа соседско, трговија, некои работи, да си помагаме едни на други за да живееме барем понормално и подобро едни со други. Србија и Хрватска се први соседи и обратно. Босна и Херцеговина, Македонија. Разединети сме. Не само во регионот, туку и во нашите држави. Малку ми е горчливо во устата што сме толку разединети. Треба само да си го олесниме животот едни на други“, додаде Ѓоковиќ.

Да потсетиме, Ѓоковиќ неодамна во полуфиналето на Ролан Гарос беше поразен од Јаник Синер со резултат 3:0 во сетови и остана на 24 Грен слем титули.

реклама

Како да спречите рибата да се залепи на тавата за време на пржењето?

Read more

Еден Азар под истрага

Read more

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Зошто BMW е поотпорен на кризата од другите германски автомобилски гиганти?

Read more

Тенис

Скандал на Индијан Велс: Ренкер недолично ја допре Рибакина

Read more

Ѓоковиќ брка рекорд на Федерер: Во мене уште гори тој оган

Read more

Вимблдон удри контра Ѓоковиќ

Read more

L'Équipe: Ѓоковиќ одбегнува да даде одговор

Read more
 

Спорт

Еден Азар под истрага

Читај повеќе

Дали на Трамп ќе му биде забрането да дојде на Мундијалот?

Читај повеќе

Формула 1 го доби најмладиот возач на пол-позицијата

Читај повеќе

Тудор: Смешно ми е што луѓето мислат дека нов менаџер би ги решил сите проблеми преку ноќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Што ако Иран се повлече од Светско: ФИФА ќе го покани Ирак или Италија?

Читај повеќе
  • play_arrow

Гилџс-Александер сруши рекорд на Вилт Чемберлејн стар 63 години

Читај повеќе

Трамп им порача на Иранците да се повлечат од Мундијалот, веднаш му одговорија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобриот натпревар на Лука Дончиќ во дресот на Лејкерс

Читај повеќе

Се бара „кртот“: Кој го издаде составот на Челси осум часа пред натпреварот?

Читај повеќе