вта ус опен 2026

Рибакина прв пат во кариерата го освои УС опен

Макфакс/Кајгана
/ 13.09.2026 / 10:37

Елена Рибакина е шампионка на Отвореното првенство на САД, по 2 часа и 21 минута борба во финалето ја победи Белорусинката Арина Сабаленка со 2:1 (6:4, 5:7, 6:2).

Рибакина ја започна годината со триумф на Австралија опен, а ќе ја заврши сезоната со трофеј на Грен слем турнирот во Њујорк и прво место на планетата. Во Њујорк, Рибакина ја освои третата Грен слем титула во кариерата.

Беше смирена кога мечот беше во критична фаза и заслужено ја победи двократната шампионка на Отвореното првенство на САД, Арина Сабаленка.

Првиот сет мина во фрустрација на Сабаленка и смиреност на Рибакина. Нешто ја мачеше Белорусинката од самиот почеток. Правеше огромен број грешки. Казахстанката не мораше многу да направи за да го добие овој дел од играта.

Стигна до брејк во петтиот гем, пропушти уште три шанси во третиот и седмиот и заслужено го доби сетот, иако уфрли само 28% на првиот сервис.

Рибакина можеше до титулата да дојде и во два сета, но не искористи две брејк топки во третиот гем од вториот сет. Сабаленка сè уште беше нервозна, но успеа да се извлече. Тоа ја промени енергијата во овој дел од играта.

Белоруската тенисерка играше многу подобро и во десеттиот гем стигна до две брејк топки. Рибакина се извлече во тој момент и кога се чинеше дека ќе се игра тај-брејк, потклекна.

Во 12-тиот гем од 40:30 ѝ зема три поени на својата соперничка и, на задоволство на публиката на „Артур Еш“, го изедначи резултатот.

Се чинеше дека Сабаленка има психолошка предност, но не беше така. Рибакина излезе посилна. Ѝ го одзеде сервисот на противничјата во третиот гем, потоа доби свој сервис гем со нула, што дополнително ја зголеми нервозата кај Сабаланка, па направи уште еден брејк во седмиот гем и со тоа практично го реши мечот.

Во само два дена, Рибакина ѝ одзеде сè на Сабаленка: првото место во светот и титулата во Њујорк.

Remote video URL
реклама

Што се случува со холестеролот ако јадете јајца секој ден?

Read more

Член на AfD предизвика меѓународен скандал: Објави мапа на „Голема Германија“ 

Read more

Трамп: Ја донесов вистинската одлука за американскиот народ

Read more

Два брода погодени од дронови во морето кај Бугарија, еден потона

Read more

Тенис

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Read more

Јаник Синер објави крај на сезоната

Read more

Ѓоковиќ: Кога ќе ги решам здравствените проблеми, не гледам проблем да стигнам до ОИ во Лос Анџелес

Read more

Рибакина прв пат во кариерата го освои УС опен

Read more

Спорт

Венгер како претседател на ФИФА?

Читај повеќе
  • play_arrow

Алонсо бесен: Овој мотор е смешен

Читај повеќе

Роналдо официјално под суспензија

Читај повеќе
  • filter

Зошто некои фудбалери на Баерн носат фластери на ушите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе