АТП СИНСИНАТИ 2025

Зошто Синер му го предаде финалето на Алкарас: Можев да се срушам во секој момент

Дуелот меѓу двајцата најдобри тенисери во светот, одигран во финалето на турнирот Мастерс 1000 во Синсинати, заврши со предавање на Јаник Синер на крајот од првиот сет против Карлос Алкарас, а по натпреварот Италијанецот се огласи и објасни што се случува.

Синер имаше резултат од 26 победи на тврди терени, но беше запрен од Алкарас во финалето во Синсинати. Да бидеме искрени, со помош на „повисоки сили“ кои не му дозволија на Италијанецот да го заврши натпреварот.

Дуелот траеше помалку од половина час. Со резултат 5:0 за Алкарас во првиот сет, Италијанецот видливо очајно го предаде мечот. Додека многу луѓе не разбираа што се случува, Синер се бореше со болест.

По натпреварот, откри дека два дена бил болен од грип и дека не се чувствувал добро на теренот. Вели дека можел да се сруши во секој момент поради интензивната жештина во Синсинати.

„Чувствувам дека можам да се срушам на теренот во секој момент. Жал ми е момци, не можам“, рече Синер на теренот, а по натпреварот објасни што се случило:

„Многу, многу ми е жал што ве разочарувам. Не се чувствувам добро од вчера, но денес е многу полошо. Не можев повеќе да издржам. Навистина ми е жал. Честитки до Карлос за уште една титула. Ти посакувам сѐ најдобро на УС опен. Понекогаш е вака и мора да го прифатиме тоа“, рече Синер.

Remote video URL

Светскиот рекет број еден го најави своето враќање во Синсинати следната година, велејќи дека тоа бил еден од најтоплите турнири со одличен прием.

Синер сега ќе се обиде да се опорави пред последниот Гренд слем турнир во сезоната. Ќе ја брани титулата на УС опен, а се пријави и за мешани двојки со Чехинката Катерина Сињакова, но овој настап може да го откаже поради ненадејниот здравствен проблем.

„Многу ми е жал за Јаник! Никој не сака да победува затоа што неговиот противник се повлекува, особено во финале како ова. Ти посакувам брзо закрепнување! Многу сум среќен со мојата недела во Синсинати и се чувствувам подготвен за УС опен!“, напиша Алкарас на Х.

реклама

Знаете ли што претставува малата дупка што се наоѓа во речиси секој мијалник?

Read more

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Read more

Симптоми што може да укажуваат на рак, а често се припишуваат на други здравствени проблеми

Read more

Тенис

Српски тенисер суспендиран на 24 години: Казната е 14 пати поголема од она што го заработил

Read more

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Read more

Јаник Синер објави крај на сезоната

Read more

Ѓоковиќ: Кога ќе ги решам здравствените проблеми, не гледам проблем да стигнам до ОИ во Лос Анџелес

Read more

Спорт

Кикс на Пелистер, нови победи за Охрид и Работнички

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ е незапирлив: Му даде 53 поени на Портланд за голем пресврт

Читај повеќе

Крај на една ера: Португалија го објави првиот состав без Роналдо

Читај повеќе

Хамилтон стои зад критиките кон Леклер: Никогаш нема да се извинам 

Читај повеќе

Мауро Икарди очајнички сака да се врати во Серија А: Му се нуди на Интер, би се преселил и во Јуве

Читај повеќе

Инфантино му оддаде почит на Роналдо: Постигна подвизи што можеби никогаш нема да се повторат

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој е 17-годишниот вундеркинд кој доби повик од Клоп?

Читај повеќе

Недопирливо наследство: Засега никој нема да ја носи „десетката“ на Меси

Читај повеќе

Роналдо не сака ни проштален натпревар за Португалија

Читај повеќе