SportKlub: Македонија - репрезентативен фудбал во својата суштина

Во емисијата „Piramida radosti“ на спортскиот ТВ канал SportKlub главна тема беа и успесите на македонската фидбалска репрезентација, поточно пласманот на ЕУРО 2020 и шокантниот триумф на гости кај Германија, натпревар кој одекна низ целиот свет.

Фото: ФФМ

Тројцата коментатори Дарко Плавшиќ, Иван Лочаревиќ и Владимир Новаковиќ дискутираа токму за избраниците на селекторот Игор Ангеловски и изнесоа неки интересни заклучоци.

„Германците само два пати во последните 30 години загубиле дома. Оној пат која Англичаните им дадоа 5-6 гола, и сега. Така да, тоа доволно говори колку големо достигнување е ова“.

„Видовме што е репрезентативниот фудбал во својата суштина. Екипа која дише заедно, која игра заедно, која е многу помалку квалитетна, но која ја чека својата шанса. Што Вернер промаши на 1:1, 9 од 10 пати тоа би го претворил во гол. Се гледа дека играат тимски, играат со срце и ќе биде навистина интересно да ги гледаме на Европското првенство“.

„Од 2016 година инсистирам на тоа дека Македонците ќе стигнат до Европско првенство кога тоа изгледаше невозможно. И понатаму успеваат да ме запалат кога ги гледам од проста причина што гледам тим кој има многу проблематични предиспозиции: имаат никаква лига, имаат ситуација во земјата каква што имаат и во врска со општата клима и со меѓуетничките односи, имаат противници какви што имаат, и секој пат успеваат да делуваат како да се најдобри другари кои се собрале, 'играме на различни места, но се собравме бидејќи сакаме да направиме нешто'“.

„Тие и порано играа добро против силните репрезентации. Натпреварот кој мене ме импресионираше беше есента 2016 против Италија кога изгубија 2:3, а ги разбија Италијанците. На тој натпревар, просто неверојатно, Италијанците од пет шанси дадоа три гола, а Македонија имаше 15 шанси и не успеа да ги победи. Тука покажаа дека можат да играат и со најсилните, со оние кои на хартија се пет класи подобри од нив. Од тој момент се гледаше како тимот расте и расте, и она што е најдобро, Пандев ќе си замине, воглавно напаѓачите имаат проблеми со годините, но ќе ја видите количината на талент во средината со Барди и Елмас, и нормално, Игор Ангеловски“.

Remote video URL
реклама

Фудбал

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Read more

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Read more
 

Спорт

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе