Maserati ја „испегла“ помалата спортска лимузина со четири врати, а Ghibli сега ќе се продава со дополнително име GranLusso.
Освежувањето следи четири години откако Maserati почна да го произведува Ghibli.
Најголемата промена е во предниот дел на автомобилот каде сега има нов браник, редизајнирана маска на ладилникот со вертикални хромирани лајсни по пример на дизајнерските решенија што Maserati ги имплементираше и на моделите Levante и GranTurismo.
Ghibli исто така доби нова графика на задните фарови, минимално е редизајниран задниот браник, а сега има и адаптивни LED светла што веќе спаѓаат во стандардна опрема. Под хаубата нема промени.