Фудбал

Спортски потег на Ливерпул - Кутињо ќе добие медал од ЛШ

25. мај 2018 - 15:23 | МИА

Ливерпул, 25 мај 2018 (МИА) - Фудбалерот Филипе Кутињо, кој во јануари премина од Ливерпул во Барселона за 142 милиони фунти, ќе биде меѓу оние кои ќе добијат медал од англискиот клуб по финалето на Лигата на шампионите (ЛШ).

Трансферот на Кутињо од Ливерпул во Барселона беше една од најголемите саги оваа сезона.

Бразилскиот фудбалер сакаше да си замине од „Енфилд“ уште минатото лето, но трансферот му беше одобрен дури на крајот од јануари. Поради настапот за Ливерпул не можеше да игра за Барселона во нокаут фазата од ЛШ.

Кутињо настапи на пет натпревари за Ливерпул во ЛШ и постигна пет голови. Во последниот натпревар од групната фаза реализираше хет-трик против Спартак Москва.

Од англискиот клуб соопштија дека Кутињо ќе добие медал, бидејќи сметаат дека неговото учество во групната фаза и пред тоа во квалификациите било забележително.

Клубот, кој ќе ја освои Лигата на шампионите, ќе може да подели 40 златни медали, додека порaзениот ќе има на располагање 30 сребрени медали.

Коментирај