Spotify го одбра контроверзниот Џо Роган, ќе ја отстрани музиката на Нил Јанг

Откако музичарот Нил Јанг побара неговата музика да се отстрани од Spotify поради „ширење лажни информации за вакцините“, се огласисија од музичката платформа и објавија дека неговата музика ќе биде отстранета, по спорот со Џо Роган.

„Сакаме целата светска музичка и аудио содржина да биде достапна за корисниците на Spotify. Со тоа доаѓа голема одговорност во балансирањето на безбедноста на слушателите и слободата на креаторите“, изјавија од Spotify за Washington Post. „Имаме детални правила за содржината и отстранивме над 20.000 епизоди на подкаст поврзани со COVID-19 од почетокот на пандемијата. Жал ни е поради одлуката Нил Јанг да ја отстрани неговата музика од Spotify, но се надеваме дека наскоро ќе ни се врати“, велат оттаму.

Јанг не сака да ја емитира својата музика на платформа на која подкаст на Џо Роган „шири дезинформации за вакцините против COVID-19“.

„Го правам ова затоа што Spotify шири лажни информации за вакцините што може да доведе до смрт на оние кои веруваат во тие дезинформации. Ве молам веднаш да делувате по ова барање“, напиша Јанг во писмото до неговата дискографска куќа и менаџерскиот тим.

„Веднаш да го известите Spotify дека сакам да ја отстрани мојата музика од таа платформа. Може да го имаат Џо Роган или Јанг. Не може и двајцата“, додаде тој во писмото.

Пред неколку недели, 270 лекари, научници, здравствени работници и професори напишаа отворено писмо до Spotify, изразувајќи загриженост за медицинските дезинформации изнесени на подкастот на Роган.

Здравствени експерти истакнаа дека Роган има големо влијание и укажаа на контроверзната епизода во која гостин беше Роберт Малоун, виролог и имунолог познат по низа контроверзни изјави во врска со COVID-19.

Роган има ексклузивен договор со стриминг сервисот, во 2020 година потпиша договор од 100 милиони долари што му даде на Spotify ексклузивни права за неговата емисија. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Музика

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more

Северина за настапот во Скопје: Ваков концерт не очекував

Read more

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе