Спречен меѓународен транспорт на дрога во вредност од околу 250.000 евра

Скопје, 1 август 2021 (МИА) – Припадници на Министерството за внатрешни работи синоќа спречија меѓународен транспорт на дрога во вредност од околу 250.000 евра.

Како што соопшти МВР, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“, во соработка со Одделението за прекуграничен криминал при РЦ за гранични работи Запад при БЈБ, во координација со Основното јавно обвинителство Струга, вчера во вечерните часови, на регионалниот пат Струга-Охрид, во близина не месноста Сатеска кај Струга, на брегот на езерото, лишија од слобода две лица, во чија непосредна близина се пронајдени четири торби со марихуана во вкупна тежина од околу 80 килограми, во вредност од околу 250 илјади евра.

По извршениот увид на лице место од страна на увидна екипа, додава МВР, пронајдената  дрога е подигната за вештачење, а по насоки на ОЈО Струга ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, по член 215 од Кривичниот законик.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе