Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапсила терористи кои биле поврзани со Исламската држава и кои планирале напади на јавен превоз во Москва. Станува збор за граѓани на Русија и од земја од Централноазискиот регион.
При претрес на нивните станови се пронајдени импровизирани експлозивни направи како и лабараторија за нивно производство, пренесува Спутњик.Исто така се пронајдени и автоматски пушки, муниција, како и екстремистичка литература.
Четворицата терористи, по извршувањето на терористичкиот напад, планирале да ја напуштат Русија и да одат во Сирија за да учествуваат во борбени дејствија на страната на Исламската држава.