На Табановце и на Богородица

Спречен обид за нелегален внес на 16,5 тони цигари и 13 тони тутун во лист

Скопје, 11 јули 2019 (МИА) – Царинската управа на граничниот премин Табановце со соседна Србија заплени 16,5 тони цигари и на Богородица со соседна Грција спречи обид за нелегален внес на 13 тони тутун во лист наменети за нелегална продажба на македонскиот пазар, информира на денешната прес-конференција директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски.

На граничниот премин Табановце, како што соопшти тој, на 28 мај 2019 година, во контрола на товарно моторно возило утврдено е дека истото содржи илјада пакети со нелегални цигари, со вкупна тежина од 15.000 килограми. Во секој пакет имало спакувано по 50 штеки или вкупно десет милиони парчиња цигари. На истиот граничен премин на 24 мај 2019 година е откриено и комбе со 102 пакети со цигари, со тежина од околу 1.500 килограми или вкупно еден милион парчиња цигари.

Како што посочи Танасоски, станува збор за цигари со кинеска марка на цигари „Ashima luhoru size“ и „Marble de luhe“.

– Царинските служби на влез на граничниот премин Богородица на 16 мај 2019 околу 18:00 часот, запленија товарно моторно возило во кое се откриени 130 пакети со 13.000 килограми нето тежина, а бруто тежината е 14.300 со тутун во лист. Истото имало пријавено дека пренесува хартија за виткање тутун, но при направената проверка било утврдено дека возилото е натоварено со тутун во лист. Запленетиот тутун бил наменет за нелегална продажба како режан тутун на домашниот пазар, вели Танасоски.

Тој посочи дека против сторителите се поднесени соодветни кривични пријави.

Танасоски смета дека доколку цигарите, односно тутунот се нашле на домашниот пазар државниот буџет ќе бил оштетен за околу еден милион евра.

– Цигарите и режаниот тутун се акцизни производи, за кои се плаќа акциза, а кога ќе се најдат во малопродажба истите мора да бидат обележани со контролни марки. Контролните марки се потврда дека за тие производи се платени акцизата и останатите давачки на државата, но и дека е извршена контрола на квалитетот. Акцизите учествуваат со околу 22 проценти во вкупните даноци кои ги прибира државата, а во буџетските приходи акцизите учествуваат со 13 проценти, од кои над 5 проценти се од цигари и тутунски производи. Ако се знае висината на буџетот (-3,4 милијарди евра), станува збор за значаен извор на приходи, појаснува Танасоски.

За претходната полициска акција кога беа запленети 12 тони нелегално увезен режан тутун во скопско, тој рече дека во случајот каде што имале заплена на тутун во лист и режан тутун станува збор за затајување давачки кои се случени во внатрешноста на државата каде што царинската управа нема свои надлежности и токму поради тоа случајот го презела финансиска полиција да го води. Моментот кога настанува кривичното дело е претворањето на тутун во лист во режан тутун, односно тоа, како што рече, е моментот на настанување на акцизен долг, кога тутунот станува акциска давачка.

Додаде дека досега по оние сознанија кои ги имаат, вработени во Царинската управа не ја злоупотребиле својата службена должност, но, како што рече, „доколу во текот на истрагата излезе дека некое лице тоа го направило ние ќе си постапиме согласно внатрешните процедури на Царинската управа бидејќи имаме посебен сектор кој ги врши тие внатрешни истраги и ќе постапиме согласно наодите“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе