Спречен обид за шверц на кокаин со руски дипломатски багаж

Министерството за безбедност на Аргентина спречи завера во која било планирано да се искористи курирската служба на руската амбасада за шверц на кокаин во Европа.

Полицијата запленила речиси 400 килограми кокаин најдена во дипломатски багаж во анекс на амбасадата откако добила дојава од рускиот амбасадор во декември, 2016 година.

Потоа организирала тајна акција во која дрогата била заменета со брашно и во пакетите биле ставени направи за следење.

Како резултат на тајната операција биле уапсени осомничени во Аргентина и во Русија.

Аргентинската министерка за безбедност Патриција Булрих изјави дека кокаинот најден во амбасадата во Буенос Аирес има вредност од 50 милиони евра и е со висок квалитет.

Таа додаде дека целна дестинација била Русија и најверојатно Германија.

Булрих додаде дека човекот кој се сомничи дека бил „мозокот“ зад организираниот шверц се наоѓа во Германија и дека се очекува германските власти да го уапсат.

Досега се уапсени две лица во Аргентина и три во Русија.

Руските служби за безбедност соработувале во операцијата. Еден од уапсените во Аргентина бил полицаец во Буенос Аирес, а друг поранешен вработен во амбасадата, додаде министерката.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе